Новости
сабота, 25 септември 2021 08:12
Eдинаесеттиот состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација (СГРЈА) помеѓу Европската комисија и Северна Македонија се одржа на 23 септември 2021 година, во рамки на Комитетот за стабилизација и асоцијација,
Со состанокот ко-претседаваа министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири и Билјана Николовска Жагар од Канцеларијата на претседателот на Владата на Северна Македонија и Михаела Матуела од Генералниот директорат за добрососедски односи и проширување при ЕК. На состанокот присуствуваа и претставници од земјите членки на ЕУ, како и од СИГМА и Регионалната школа за јавна администрација.
Европската Комисија нагласи дека реформата на јавната администрација е клучна област од Кластерот Основи. Националните власти подвлекоа дека реформата јавната администрација останува еден од клучните приоритети на Владата.
Главниот фокус на состанокот беше ставен на напредокот постигнат во клучните области од принципите на јавната администрација: стратешката рамка за реформа на јавната администрација, јавната служба и управувањето со човечки ресурси, развој на политики и координација, како и за отчетноста и испораката на јавни услуги.
Институциите се заложија за понатамошно спроведување на реформите поврзани со процесот на интеграција. Европската комисија повторно ја потврди поддршката за Северна Македонија на патот кон евроинтеграциите.
Како и изминатите години, на состанокот беа дискутирани заеднички заклучоци кои по нивното усвојување од двете страни ќе бидат објавени на веб страната на Министерството за информатичко општество и администрација. СЕП ќе продолжи доследно да го следи исполнувањето на преземени обврски и по истите да реферира во процесот на подготовка на Северна Македонија за членство во ЕУ.