.
Државен секретар
Curriculum Vitae
Дрита Абдиу – Халили
Дрита Абдиу - Халили е родена на 15.09.1978 година во Тетово, каде што го завршува основното и средното образование.
Дипломира Албански Јазик и Литература на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје при Филолошкиот факултет. Во моментот ги следи постдипломските студии (втор циклус) насока Меѓународни односи во Универзитетот на Југоисточна Европа.
Има повеќегодишно работно искуство на различни државни институции како и меѓународни организации и мисии.
Од 1999-2002 година работи како фасилитатор, преведувач и теренски продуцент за повеќе странски новински агенции во земјата како што се:Newsweek (САД), CNN (САД), BBC (Обединето Кралство), AFP (Франција), New York Times (САД), Financial Times, Sunday Times (Обединето Кралство), National Post (Канада), El Mundo (Шпанија), De Volkskrant (Холандија) и De Morgen (Белгија).
Од февруари 2004 до декември 2005 година е ангажирана како јазичен асистент и администратор во меѓународната полициска мисија EUPOL Proxima во Македонија.
Декември 2005 – 2006 година, Член на инвестигативниот тим на БИРН (Balkan Investigative reporting network – Balkan Insight). БИРН содржи меѓурегионално известување за клучните прашања поврзани со развојот на регионот и напредокот во постигнувањето на европските политички, социјални и економски стандарди.
Од декември 2005 до 2011 година работи како самостоен истражувач и преведувачза повеќе странски и меѓународни медиуми. За ова време вршела локално истражување, контакти и распоред за странски новинари, вклучувајќи ги регионалните дописници за Њујорк Тајмс, Ал Џезира Англиски-Атина и лондонскиот Фајненшл Тајмс. Исто така има обезбедено и емитувано стории за англиската Al Jazeera.
Мај – Јуни 2011 година работи за мисијата на ODIHR/OSCE, поточно мониторирање на медиуми за време на предвремените парламентарни избори во Македонија.
Во периодот август 2011 до април 2013 година е ангажирана како одговорна за односи со јавноста, потоа и шеф на кабинет на Заменик претседателот на Владата за европски прашања при Секретариатот за Европски прашања на Република Северна Македонија во Скопје.
Од април 2013 до ноември 2021 година работи како заменик раководител на Секторот за подршка на работата на градоначалникот при Општина Тетово. Во овој период обавува административни работи за градоначалникот како што се: планирање и координирање на активностите на секторот, координација и надзор на извршувањето на работите во секторот како и решавање на проблемите и прашањата од делокругот на секторот.
Од 9 до 18 декември 2013 година., г-ѓа Абдиу присуствуваше на EUVP (Програма за посетители на Европската унија) во Брисел, Белгија. Оваа програма беше организирана од Европската Комисија и Европскиот Парламент.
Од 3 до 21 февруари 2014, номинирана од страна на секторот за Политички Прашања на Амбасадата на САД во Скопје, учествуваше на Меѓународната Програма за Лидерство во Соединетите Американски Држави, организирана од Стејт Департманот на САД на тема “Отчетност во владеењето 2”. Оваа програма опфаќа низа средби со личности и разни здруженија и организации во САД.
Покрај матичниот албански јазик, зборува и неколку други јазици: македонски, англиски, турски и српско-хрватски јазик. Има одлични организациони вештини и компјутерски познавања.