Новости
вторник, 26 октомври 2021 08:11
На покана на Белградскиот центар за безбедносни политики како дел од организаторската тројка, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, денес и утре учествува на Белградскиот безбедносен форум (Belgrade Security Forum) како говорник на панелот „Берлински процес – Што следи?“.
Вицепремиерот Димитров, заедно со претставниците на Европскиот парламент и тинк-тенк секторот, ќе се осврнат на актуелните прашања во врска со резултатите од Берлинскиот процес и исполнувањето на очекувањата, како и идните можности за искористување на оваа платформа за регионална соработка и европска интеграција на регионот.
НАПОМЕНА:
Медиумите кои имаат интерес да ја проследат панел-дискусијата он-лајн, тоа може да го направат со претходна регистрација на следниот линк: https://www.belgradeforum.org/registration-media/.
Панелот на кој се обраќа ЗПВ Димитров е во среда на 27 октомври 2021 год. со почеток во 15 часот.