Новости
петок, 24 септември 2021 08:44
Почитувани,
Ве известуваме дека денес, 24.09.2021 година (петок) со почеток во 11:00 часот во Медија центарот на Владата, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров ќе одржи прес-конференција за претставување на трилатералниот проект за унапредување на дигитализацијата во Северна Македонија.
Проектот ќе го спроведува Секретаријатот за европски прашања, со финансиска поддршка од САД и Естонија и експертска поддршка од Естонскиот центар за меѓународен развој.
По тој повод, на прес-конференцијата, покрај вицепремиерот Димитров, ќе се обратат и амбасадорките на САД и Естонија во Северна Македонија, Кејт Мари Брнз и Кристи Карелсон, а ќе се потпише и Меморандум за соработка со Естонскиот центар за меѓународен развој.
Прашањата за оваа прес-конференција може да ги испратите на адреса на elena.presilska@sep.gov.mk<mailto:elena.presilska@sep.gov.mk> најдоцна 30 минути пред почетокот на истата, со нагласување на медиумот од кој доаѓа прашањето и назнака до кого се однесува прашањето.
Акредитираните новинари за онлајн видеовклучување ќе имаат можност за учество на прес-конференцијата во живо.
Видеоматеријалот можете да го преземете од преносот во живо со висока ХД резолуција преку следните линкови:
Прес-конференцијата на македонски јазик<https://youtu.be/20yB3UU1i9U>
Прес-конференцијата на англиски јазик<https://youtu.be/kaLdNVuSvHs>