Новости
среда, 31 март 2021 04:49
Официјалната посета на Љубљана, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров ја заокружи со средбата со претседателот на Република Словенија Борут Пахор, со кого во пријателска и непосредна атмосфера беа разменети мислења за актуелните состојби во регионот.
Соговорниците се согласија дека евентуалниот неуспех на ЕУ во постигнувањето консензус за отпочнување на преговорите со Северна Македонија ќе има регионални импликации и затоа е неопходен одлучен и навремен исчекор на евроинтегративниот пат, со што ќе се даде нова искра на политиката на проширувањето.
Претседателот Пахор го информираше вицепремиерот Димитров дека своите заложби и поддршката на европската перспектива на Северна Македонија ќе ги реафирмира на претстојниот Брдо Бриони Самит.