Новости
вторник, 27 октомври 2020 08:41
Во рамки на дводневната работна посета на Република Франција, заменик претседателот на Владата задолжен за европски пршања, Никола Димитров, денеска оствари средба со советничката за Континентална Европа и Турција во Kабинетот на Претседателот Макрон, Изабел Думон, на која се разговараше за европско интегрирање на Западниот Балкан, како гео-стратешки интерес на Унијата.
На средбата беше реафирмирана европската перспектива на Северна Македонија и позитивната динамика на реформскиот процес, потврдено и со последниот извештај на Европската комисија, а кои се значајни за стабилноста на регионот и пошироко, во контекст на актуелните безбедносни предизвици.
Димитров: „Без разлика дали станува збор за економски или политички перспективи, нашата соработка во областа на миграцијата и борбата против тероризмот - отворањето на преговорите оваа година ќе покаже дека Франција и нејзините европски партнери може да сметаат на Северна Македонија.”