Новости
среда, 21 октомври 2020 12:42
ЗПВ Димитров:„ Нашата суштинска цел е да го искористиме пристапниот процес за европскиот начин на живот, просперитет, правила и принципи, да си ги донесеме дома“
На денешната онлајн промоција на проектот „Промовирање на заеднички вредности низ Европа“ во организација на Транспаренси Интернешнл-Македонија, учествуваа амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир, германската амбасадорка Анке Холштајн, а воведно обраќање имаше заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров.
ЗПВ Димитров: „Нашата суштинска цел е да го искористиме пристапниот процес за европскиот начин на живот, просперитет, правила и принципи, да си ги донесеме дома. Во март добивме безусловно зелено светло да ги започнеме преговорите. Важно е оваа година да ја заокружиме со заеднички историски успех - прва меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија.“