Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров утре ќе одржи прес-конференција.
Го покануваме вашиот медиум да го покрие настанот.
Датум: 12 јануари 2022 година, среда
Почеток: во 11 часот
Локација: Клуб на пратеници (голема сала)
НАПОМЕНА: Според протоколот на Владата за одржување на настани со медиумско присуство во услови на пандемија предизвикана од коронавирусот, задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи:
- сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
- сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.
ЗАМОЛУВАМЕ:
- Медиумите да испратат информации (име и презиме) од новинарите/снимателите кои ќе присуствуваат, најдоцна до среда 9:30ч на следнава електронска адреса: SEPress@sep.gov.mk
- Порано присуство со цел проверка на документите и спроведување на мерките за заштитa од Ковид 19 вирусот.
- За целосно почитување на препораките за одржување соодветно растојание меѓу присутните и задолжително носење маска за време на настанот.