Новости
вторник, 14 декември 2021 04:16
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска се сретна со новоименуваниот вонреден и ополномоштен нерезидентен амбасадор на Австралија, Даниел Џосеф Емери.
Димитров му посака успешна дипломатска мисија на амбасадорот Емери и изрази очекување дека за време на неговиот мандат билатералните односи ќе продолжат да се развиваат во нагорна линија во насока на промовирање и збогатување на пријателството и сојузништвото на меѓународната сцена, особено од аспект на мултилатералата.
Амбасадорот Емери искажа увереност и спремност за натамошно унапредување на блиските односи меѓу Северна Македонија и Австралија преку континуирано зајакнување на соработката во сите сфери од заеднички интерес и трговската размена меѓу двете земји. Тој исто така изрази интерес за европската перспектива на државата и поддршка во евроинтегративниот процес.