WBIF
Инструмент „Инвестициска рамка за Западен Балкан (ВБИФ)
Инструментот „Инвестициска рамка за Западен Балкан (ВБИФ) го поддржува социо - економскиот развој и пристапување во ЕУ на земјите од Западен Балкан преку обезбедување на финансии и техничка помош за стратешки инвестиции, особено во инфраструктурата, енергетската ефикасност и развој на приватниот сектор. Тоа е заедничка иницијатива на ЕУ, меѓународните финансиски институции, билатерални донатори и влади на земјите од Западен Балкан.
ВБИФ се фокусира на клучните сектори на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и енергијата, животната средина, транспортот, социјалните прашања и развојот на приватниот сектор. Повиците за поднесување проектни предлози се организираат на редовна основа, обично два пати годишно (со рокови во февруари и септември). Проектите мора да бидат номинирани или одобрени од страна на Националниот ИПА координатор во соодветната земја. Проектите со регионално влијание помеѓу апликациите кои имаат предност при одлучувањето.
ВБИФ претставува базен од ресурси кои се прелеваат од различни извори во еден Фонд за заеднички грантови, имено:
Подетални информации по однос на овој инструмент може да се добијат на следниот линк.
http://www.wbif.eu
До сега има отворено 10 повици за поднесување проектни предлози, а Република Македонија има одобрени вкупно 13 проекти. Деталните информации за проектите на РМ во рамките на ВБИФ, како и информациите за проектите од другите земји кориснички може да се најдат на следниот линк:
http://www.wbif-ipf.eu/