Слободен пристап до информации
Професионалец во областа на комуникациите со големо искуство стекнато во односи со јавност, лобирање, менаџмент на проекти, настани, маркетинг и рекламирање, како во јавниот така и во приватниот сектор. Течно зборува повеќе јазици и има богато професионално искуство стекнато во водечки организации. Низ долгогодишно искуство и со докажаните способности, успешно се справува со креирање комуникациски стратегии, планирање на проекти, креирање видливост на бренд, планирање на буџет, комуникација со профили на високо ниво, подготвување обемни извештаи и менаџирање настани. Во СЕП доаѓа од МНР каде во периодот од 2017 до 2020 беше портпарол и раководител на секторот за односи со јавност, до 2016 работи во Подгорица, одговорна за секторот за комуникации на ЕУ Делегацијата во Црна Гора, а повеќе од 10 години работи во приватниот комуникациски сектор во првата и најголема регионална адвертајзинг агенција, како PR & Аccount Manager. Од Европскиот институт во Брисел (L'Université catholique de Louvain) има меѓународен мастер по европски студии (International Master in European Studies - Policy Adviser and Project Consultant ), а од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје диплома за професор по француски јазик и книжевност.
Вкупно нето плата: 52,360 ден
Податоци од анкетниот лист за имотната состојба
Кристина Димовска е магистер по политички науки со специјализација во истражувачки методи за општествени науки и политика, од Централноевропскиот Универзитет во Будимпешта, Унгарија. Своето работно искуство го гради во јавниот и граѓанскиот сектор, како и во меѓународни организации и академија, на теми поврзани со европска интеграција, демократија и владеење на правото, добро управување, јавна администрација и малцински политики. Димовска била посебна советничка за меѓународна соработка во Кабинетот на Министерот за информатичко општество и администрација (2017-2020), истражувач и проектен координатор во неколку граѓански организации (2014 – 2017), а работела и на академски истражувања (2013 – 2014). Има објавено неколку истражувачки трудови и документи за политики. Била стипендист на Think Thank Fund - Open Society Foundation (2016), како и на Стејт Департментот, во рамки на International Visitor Leadership Program (2020). Зборува македонски (мајчин), англиски, српски/хрватски (активно), француски и руски јазик (пасивно).
Вкупно нето плата: 49,200 ден
Податоци од анкетниот лист за имотната состојба