Новости
среда, 20 октомври 2021 09:17
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, денеска со почеток во 12 часот во Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, ќе одржи заедничка тематска прес-конференција со амбасадорот и шеф на Делегацијата, Дејвид Гир, по повод објавувањето на Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија во 2021 година, како и Пакетот за проширување.
На прес-конференцијата ќе бидат претставени главните наоди и оценки за постигнатиот напредок во европското досие на земјата и споредбено, регионот.
НАПОМЕНА:
Медиумите кои имаат интерес да го проследат настанот, може да се вклучат он-лајн на следниве линкови:
MK: https://www.youtube.com/channel/UC6MA--vP0RnTABij6BFSt8w
АЛ: https://www.youtube.com/channel/UCYnLPEoHy9WRNwo9USOrPyQ