Новости
недела, 03 октомври 2021 08:01
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, утре (понеделник, 4 октомври 2021 год.) ќе учествува на 21-от Економски форум во Белград како говорник на панелот: „ЕУ-Западен Балкан: Што може да очекуваме од состанокот на ЕУ во Словенија?“
Вицепремиерот Димитров и претставниците на ЕУ, земјите членки, Европскиот парламент и тинк-тенк секторот, ќе се осврнат на актуелните прашања во врска со односите ЕУ-Западен Балкан и европските перспективи во контекст на претстојниот октомвриски Самит во рамки на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ.
Настанот се одржува во соработка со Делфи економскиот форум на кој Димитров учествуваше во мај годинава, како продолжение на дискусијата за политичка и економска соработка меѓу земјите во регионот и процесот на нивното интегрирање во Унијата.
НАПОМЕНА:
Медиумите кои имаат интерес да ја проследат панел-дискусијата со почеток во 12:45 часот, преносот во живо ќе биде овозможен на линкот: https://www.economicsummit.rs/agenda/session/637175, по претходна регистрација на електронската адреса: marina.veljkovic@tsomokos.rs