На покана на алтернативниот министер во грчкото Министерство за надворешни работи, Милтиадис Варвициотис, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, утре (среда, 15.9.2021 год.) ќе биде дел од специјалната дискусија „Западниот Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа“.
Преку учеството на вицепремиерот Димитров заедно со министрите за европски и надворешни работи од регионот, како и словенечкиот претставник на претседателство со Советот на ЕУ, ќе се дискутираат ставовите на земјите и граѓаните од Западен Балкан и ЕУ во однос на иднината на Европа.
Настанот се одржува на маргините на 85-тиот Меѓународен саем во Солун и е дел од грчкиот национален дијалог во рамки на Конференцијата за иднината на Европа, како делиберативен процес за одредување на идните насоки на европската интеграција.
НАПОМЕНА*:
Медиумите кои имаат интерес да го проследат настанот со почеток во 15 часот по македонско време треба денес (вторник, 14.9.2021 год.) до 17 часот да поднесат барање за акредитација на следната електронска адреса: press.anypex@mfa.gr
По завршување на дискусијата во 17ч часот по македонско време ќе следи прес-конференција на која изјави ќе имаат сите учесници на конференцијата.
* За физичко учество на настанот треба да бидат исполнети условите за влез во Грција во согласност со мерките за спречување на зараза со Ковид-19.