Новости
понеделник, 03 мај 2021 06:54
Почитувани,
Ве известуваме дека утре, 4 мај 2021 година (вторник) со почеток во 11:35 часот, по нивната билатерална средба во рамките на возвратната посета на Скопје, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и сојузната министерка за Европа и Устав на Република Австрија, Каролине Едштадлер ќе одржат прес-конференција.
Прашањата за оваа прес-конференција може да ги испратите на elena.presilska@sep.gov.mk.
Акредитираните новинари за онлајн видео вклучување ќе имаат можност за учество на прес-конференцијата во живо.
Видео материјалот можете да го преземете од преносот во живо со висока ХД резолуција преку следните линкови:
Прес-конференцијата на македонски јазик: https://youtu.be/VtUGXxJRptY
Прес-конференцијата на германски јазик: https://youtu.be/cG1SB98hfyE