Меѓународни финансиски институции
ЕБОР е активна во Македонија уште од 1993 година. Заклучно со 31 мај 2005 година, Банката има склучено 24 инвестиции во земјата, во вкупен износ од малку повеќе од 327 милиони евра. Моменталното портфолио достигнува 205 милиони евра (19 проекти), од кои 37% се тековна актива.
Распределбата на портфолиото по сектори е: 66% за инфраструктура и енергетика, 17% за финансиски институции и мали бизниси и 17% за специјализирани и општи индустрии. Долгот претставува главен инструмент (94%), а сопствениот капитал е концентриран во секторот на финансиските институции. Одобрените проекти на ЕБОР имаат мобилизирано дополнителни 478 милиони евра коинвестиции од спонзори, кофинансиери и донатори, што претставува мултипликатор од 1,5.
Банката, исто така, мобилизираше 11,2 милиони евра како техничка помош за Република Македонија, со 61 проект за техничка соработка (ТС), главно, во банкарскиот сектор, секторот за телекомуникации, транспорт и за општините.
Со цел забрзана набавка и повлекување на средства, Одборот на директори ја одобри последната стратегија за Република Македонија на 20 јули 2004 година, опфаќајќи го претстојниот период од две години. На овој начин, ЕБОР се придружува кон меѓународните напори за поддршка на земјата за забрзување на структурните реформи и обезбедување нов стимул за развој на приватните претпријатија, во согласност со заложбата на Владата за заживување на економијата и отворање нови работни места, како и за спроведување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европската унија.
Стратегиските приоритети на ЕБОР за претстојниот период се во следниве области: