ЕУ вести
среда, 30 мај 2018 14:23
Година дена пред изборите во Европа, млади од
цела Европа ќе дискутираат за европската иднина.
Третиот по ред настан за млади (EYE2018) ќе собере
на едно место повеќе од 8000 учесници на возраст помеѓу 16 и 30 години од цела
Европа кои ќе дискутираат околу 5 те
теми (млади и стари;богати и
сиромашни; одвоени и
заедно; сигурно и
опасно; локално и
глобално) во текот на двата дена во Стразбур. Во рамките на тие два дена ќе се
случат повеќе од 400 активности кои вклучуваат дебати, работилници,размена на
идеи и перформанси.