Билатерални донатори
Програма за стипендии на Холандија
Општата цел на програмата за стипендии на Холандија е да се помогне во олеснувањето на проблемот на квантитативен и квалитативен недостиг од квалификувани човечки ресурси преку одржливо градење на капацитетот. Целната група се состои од професионалци на средината на својот работен век, кои се државјани на една од 57-те избрани земји, вклучувајќи ја Македонија. Иако стипендиите им се доделуваат на поединци, потребата за обука мора да произлезе од локалната организација (државна, приватна и невладина) за која работи кандидатот. Програмата нуди можност за стипендирање на
магистерски програми;
докторски студии;
кратки курсеви;
индивидуално приспособена обука и
курсеви за обновување на знаењата.
Програма за стипендии на Холандија – Студии за ЕУ во Македонија
За периодот до учебната 2005/06 година, преку кофинансирачки аранжман со Владата на Република Македонија, Холандија стави на располагање одреден број стипендии за магистерски студии во дисциплини поврзани со ЕУ во Холандија, Колеџот на Европа во Белгија и Колеџот на Европа во Полска. Целната група се состои од сегашни или идни државни службеници кои се обврзуваат да работат за Владата на Република Македонија одреден фиксен период по дипломирањето. Програмата ја спроведува Секретаријатот за европски прашања во Македонија и НУФФИЦ во Холандија.