Билатерални донатори
Институционална поставеност
Американскиот Стејт департмент (www.state.gov) и Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (www.usaid.gov) се две одделни организации во надлежност на државниот секретар, чија соработка е насочена кон меѓународните краткорочни дипломатски прашања, како и кон подолгорочните напори за градење на институции и капацитети.
САД во Република Македонија
Мисијата на САД во Македонија ги вклучува Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД), американскиот Стејт департмент и професионални лица од неколку значајни американски државни институции и агенции. На пример, Трезорот на САД работи со Владата на Македонија на прашања поврзани со оданочување и буџет. Американското Министерство за правда ги поддржува програмите за развивање органи за спроведување на законите, судови, обвинители и програми за борба против трговија со луѓе. Американското Министерство за национална безбедност соработува со македонските власти во областа на погранична безбедност и царина, а американското Министерство за одбрана ги поддржува програмите за модернизирање на одбранбените способности на Македонија и ја зајакнува нејзината способност за соработка со вооружените сили на други земји. На крај, американските граѓани доброволно ги нудат своите услуги преку американските Мировни сили во Македонија.
Мисијата на УСАИД во Македонија е активна во три главни области:
унапредување забрзан економски раст;
поддржување на развојот на демократски институции и
поддршка за едуцирање на македонските граѓани за современа економија.
(мил. амер. долари) |
||||
|
2003 |
2004 |
2005 |
2006 |
Вкупен фонд |
49,999 |
38,770 |
37,000 |
39,000 |
|
|
|
|
|
Приоритети |
2003 |
2004 |
2005 |
2006 |
I. Економски раст |
12,505 |
10,350 |
12,050 |
13,248 |
II. Демократија и рефоми во владеење |
15,845 |
11,750 |
11,780 |
10,931 |
III. Социјална транзиција |
6,730 |
8,200 |
7,275 |
8,345 |
IV. Посебни иницијативи |
4,560 |
0 |
0 |
0 |
V. Хоризонтални програми |
4,409 |
4,320 |
3,720 |
3,980 |
VI.Трансфер |
5,950 |
4,150 |
2,175 |
2,496 |
Во 2010 година беше промовирана новата Стратегија за развојна помош за следниот тригодишен период.
За подетални информации за завршените и тековните проекти посетете го следниов линк: www.sep.gov.mk/cdad
Лицa за контакт од СЕП:
Софче Зафировска
Раководител на Одделение за билатерална и мултилатерална помош
e-mail: sofce.zafirovska@sep.gov.mk
тел: (02)3200 243