Новости
четврток, 24 ноември 2022 08:32
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, на својот Фејсбук профил објави дека 2030 е реално време за спроведување на демократските реформи, одржлив напредок на земјата и постепено вклучување на единствениот пазар на ЕУ.
Маричиќ вели дека убава вест доаѓа од Европскиот парламент, кој денеска го усвои Извештајот подготвен од европратеникот на социјалдемократската партија (S&D), Тонино Пицула.
- Планот за новата стратегија за проширување има јасен рок: пристапните преговори треба да завршат до крајот на 2030 година. Проширувањето била и мора да остане една од најуспешните политики на ЕУ, но сега неопходно е да се активира со цел ЕУ да го зачува својот кредибилитет и да остане геополитички играч”, пишува вицепремиерот Маричиќ.
Во овој Извештај се и наведува и дека усогласувањето со заедничката надворешна политика на ЕУ е услов да се остане на европскиот пат.
Меѓу главните заклучоци од Извештајот се: