Новости
вторник, 17 мај 2022 03:02
Во просториите на центарот за обука при Секретаријатот за европски прашања, од страна на г-ѓа Евгенија Серафимовска Корковски – раководител на сектор за координација на ЕУ фондови и друга страска помош, г-дин Фабио Драго – тим лидер и г-ѓа Елизабета Буова – раководител на одделение за обука, свечено беа доделени сертификати на учесниците кои успешно ги завршија обуките, а реализирани во рамки на проектот ,,Подршка за управување со фондовите на ЕУ – ИПА 2014’’ / ,,Support for the management of the EU funds funded under IPA 2014 EU Integration Facility’’.
Досега беа успешно реализирани три групи на обуки кои ги посетија повеќе од 45 нововработени административни службеници од неколку државни институции, и тоа: Секретаријат за европски прашања, Министерство за финансии – ЦФЦД, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за транспорт и врски, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за образование и наука, Јавното претпријатие за македонски железници и инфраструктура) кои непосредно се инволвирани во работата на секторите за спроведување на ИПА помошта на индиректен начин.
Секоја од обуките траеше по 20 денови, каде учесниците беа обучени за подготовка на логички рамковни матрици, практичен водич за склучување на договори за услуги, градежни работи и набавки (ПРАГ) и подготовка на оперативно идентификациони документи.
Преку спроведувањето на овие обуки, СЕП активно придонесува кон зајакнување на административните капацитети на ИПА структурите во рамки на инситуциите, чија што крајна цел е зголемување на стапката на искористеност на фондовите на ЕУ преку кои се финансиираат проекти низ цела држава кои што придонесуваат кон подобрување на животот на граѓаните во целост.
Во рамки на центарот за обука при Секретаријатот за европски прашања, континуирано се спроведуваат обуки врз основа на идентификуваните потреби за обука на ИПА и ЕУ структурите, кои придонесуваат за подготовка и јакнење на административните капацитети за претстојниот евроинтеграциски процес.