Преговори
Скринингот е формална и техничка операција што ја врши Европската комисија, со цел да се подготват преговорите за членство и претставува аналитичка презентација на состојбата во земјата кандидат во однос на поглавјата од правото на ЕУ. Како процес, тој има за цел, од една страна - да ги запознае земјите кандидати со правото на ЕУ и на тој начин да ги подготви за преговорите. Од друга страна, целта е да се овозможи Комисијата и земјите-членки да го оценат степенот на подготвеност на земјите кандидати, да бидат информирани за нивните идни планови и да добијат прелиминарни насоки за прашањата што ќе бидат најактуелни во преговорите.
Скринингот трае околу една година и се спроведува врз основа на изготвен распоред од страна на Комисијата (Генерален директорат за проширување, во консултација со надлежните директорати). Се спроведува по поглавја, освен за поглавјата: 34 „Институции" и 35 „Други прашања", кои се предмет на преговори во последната фаза од процесот на пристапување. Најпрво се одржуваат состаноци за објаснување на кои претставници на Комисијата детално го презентираат правото на ЕУ, а потоа билатерални состаноци со секоја држава. Потоа, Комисијата подготвува извештај за скринингот и го презентира на Советот. По извршениот скрининг на соодветното поглавје, Советот одлучува за започнување на преговорите, по препорака на Комисијата.
Извештајот од скринингот содржи четири дела: