Билатерални донатори
Институционална поставеност
Министерството за надворешни работи (МНР) и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), како владина агенција во рамките на Mинистерството, се главните учесници во шведската развојна соработка. МНР ги утврдува приоритетите, а СИДА ги развива програмите и одлучува за развојната соработка со земјите-партнери (http://www.sweden.gov.se и http://www.sida.se).
Повеќегодишните стратегии за соработка, усвоени од страна на Владата на Шведска, ги дефинираат приоритетите за билатерална помош за одредена земја. Како и други шведски владини агенции, и СИДА работи независно според рамка утврдена од страна на Владата на Шведска, а одобрена од Парламентот на Шведска, која, меѓу другото, ги дефинира земјите со кои ќе се соработува, буџетската рамка и намената на помошта. Покрај кон билатералната соработка со одделни земји, една третина од буџетот за развојна помош, Шведска го насочува кон Европската унија и други мултилатерални организации, како што се Обединетите нации и Светска банка.
Политиката за глобален развој беше одобрена до страна на Парламентот на Шведска во декември 2003 година. Таа претставува интегрирана политика за правичен и одржлив глобален развој која важи за сите области опфатени со политиката. Меѓутоа, развојната соработка има посебна улога во политиката за глобален развој и нејзината сеопфатна цел е да се помогне во создавање на услови, со кои ќе им се овозможи на сиромашните да ги подобрат своите услови за живеење. Процесот на интеграција во Европската унија претставува главен инструмент за остварување на оваа цел во земјите од Централна и Источна Европа.
Шведска, преку СИДА, има повеќе од 120 земји партнери во Африка, Азија, Латинска Америка, Источна Европа и во Централна Азија, а со повеќе од 50 од нив се разработуваат конкретни програми за соработка.
Во рамките на развојната соработка, СИДА има идентификувано четири стратегиски приоритети:
Шведска во Република Македонија
Шведска е присутна во Република Македонија уште од 1999 година.
На 31 март 2006, потпишана е нова Стратегија за соработка, која го покрива периодот 2006-2010 година. Целокупниот финансиски пакет ќе остане во сегашната рамка од 70 милиони шведски круни (приближно 7,5 милиони евра) на годишна основа, за проектни активности утврдени во годишните планови.
Во рамките на развојната соработка, за периодот 2006-2010 година СИДА ги идентификуваше следниве стратегиски приоритети:
Стратегијата се фокусира на земјоделството и економскиот развој. Целта е да се придонесе за одржлива трансформација на земјоделскиот сектор, со јасна перспектива за неговиот понатамошен развој, во согласност со европските барања. Поддршката истовремено треба да придонесе кон подобрување на условите за живеење на сиромашните лица во руралните области во текот на предвиденото преструктурирање на секторот.
По 2012 година предвидено е заокружување на развојната соработка.За подетални информации за завршените и тековните проекти посетете го следниов линк: www.sep.gov.mk/cdad
Регионална Стратегија за соработка на Шведска со земјите од Западен Балкан за периодот 2014-2020
Лицa за контакт од СЕП:
Софче Зафировска
Раководител на Одделение за билатерална и мултилатерална помош
e-mail: sofce.zafirovska@sep.gov.mk
тел: (02) 3200 243