Новости
сабота, 26 март 2022 12:00
Искористувањето на претпристапните фондови на ЕУ е важно за евроинтеграциите на нашата земја, со оглед на тоа што парите кои нашата земја ги користи од овие фондови се инвестираат во конкретни проекти, кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните.
Инвестирањето во детските градинки за обезбедување услови за дечињата е инвестиција во иднината, но пред сè поддршка за вработените родители да можат да го избалансираат личниот со професионалниот живот и притоа да бидат сигурни дека нивните најмили се згрижени.
Детската градинка „Сонце “ во Ново Село е целосно реконструирана со износ од 190 илјади евра, за обезбедување поголема енергетска ефикасност и подобри услови за најмладите во градинките. Проектот е реализиран во рамките на Програмата Интеррег – ИПА за прекугранична соработка Р.Бугарија – Р.Македонија 2014-2020.
За 2022 година испрограмирани се вкупно 85.000.000 евра ИПА помош за 2022 година, европски средства, за реализација на проекти од граѓаните кои имаат директни придобивки.