Новости
вторник, 15 март 2022 04:48
Денес, во онлајн /виртуелна сесија, по пауза од неколку години, се одржа „ТАИЕКС Инфо ден“ – информативен настан за користење на инструментот ТАИЕКС. Настанот е беше наменет за службеници кои се ТАИЕКС контакт точки во нивните институции од државната и јавната администрација на централно ниво.
Настанот беше организиран во соработка меѓу Секретаријатот за европски прашања, Делегацијата на Европската Унија во СР Македонија, и ТАИЕКС службата во Генералениот директорат за соседска политика и преговори за проширување (DG NEAR). Настанот го отворија, В.Д. Директорот на ТАИЕКС, г. Франциско Лопез-Менчеро и директор на соработка во ЕУД , г. Сетефен Худолин, а го водеа ТАИЕКС контакт лицата од Секретаријатот за европски прашања и од Делегацијата на ЕУ.
На настанот учествува 65 административци, кои имаа можност, по подолго време, да ги слушнат состојбите со имплементацијата во време на пандемијата на овој исклучително успешен инструмент за јакнење на капацитетите на администрацијата, појаснувања за негово користење, како и за продолжување во спроведување на активностите на вообичаен начин на нивно спроведување - со физичко присуство.