.
ИПА 2021 - 2027
ИПА III е инструмент за претпристапна помош на Европската комисија за програмскиот период 2021-2027 година. Инструментот се воведува со секоја нова Финансиска перспектива на Европската Унија. Оваа генерација на ИПА се базира на научените лекции на претходните две генерации ИПА (2007-2013) и ИПА 2 (2014-2020). Република Северна Македонија во изминатите години беше и се уште е корисник на ИПА и ИПА II.
ИПА III се воведува со усвојување на Регулатива за воспоставување на Инструментот и Регулатива со правила и принципи за спроведување на ИПА III од страна на Европската Унија. Според структурата, ИПА III е поделена на 5 прозорци и 17 тематски приоритети и тоа:
Во рамките на секој прозорец, предвидени се тематски приоритети и тоа:
Прозорец 1: Владеење на правото, фундаментални права и демократија
Прозорец 2: Добро владеење, усогласување на законодавството, добрососедски односи и стратешка коминикација
Прозорец 3: Зелена агенда и одржлива поврзаност
Прозорец 4: Конкуретност и инлузивен раст
Образование, вработување, социјална заштита и инклузивни политики и здравство;
Развој на приватен сектор, трговија, инстражување и иновации;
Земјоделство и рурален развој;
Рибарство.
Прозорец 5: Територијална и прекугранична соработка
Прекугранична соработка со ИПА земјите;
Учество во микро регионалните стратегии.
Според нацрт текстот на Регулативата за воспоставување на ИПА III, Комисијата предлага Програмска рамка за периодот 2021-2027 година адресирајќи ги сите приоритетни области кои би ги финансирала во наредниот период. Врз основа на програмската рамка, секоја земја подготвува стратешки одговор во кој објаснува како ЕУ приоритетите најнапред стратешки ги покрива во националните и секторските стратешки документи, а подоцна со кои проекти конкретно ќе работи на исполнување на овие приоритети.
Новина во рамките на ИПА III е дека средствата нема да се распределуваат по клуч за секоја земја од Западен Балкан и Турција, туку земјите ќе се „натпреваруваат“ меѓусебно за добивање на средства. Исто така се воведува т.н. fair share или фер распределба со која ќе се внимава донекаде да има рамномерна распределба на ИПА средствата помеѓу земјите кориснички. Доколку една земја за една година добие повеќе средства на основа на слабата подготвеност на друга земја, Комисијата во наредните години ќе внимава средствата да бидат распределени врз рамномерна основа.
Друга новина се т.н. зрели проекти. Ова се воведува за да се скрати долгиот период помеѓу програмирањето и спроведувањето. Оттука уште во фаза на програмирање се оценува зрелоста на проектите преку доставување на подготвени тендерски документи за истите, со што се докажува нивната зрелост.
Програмирањето ќе се спроведува во две фази.
Во првата фаза се подготвуваат Акциски фишеа каде што на краток начин се објаснуваат предложените проекти. Комисијата ги анализира овие фишеа од аспект на нивната релевантност.
Во втората фаза се подготвуваат Акциските документи, само за оние проекти која ја поминале првата фаза, односно целосно се елаборираат проектите кои пак од своја страна, Комисијата ги анализира од аспект на зрелоста. Веднаш по одобрувањето на овие Акциски документи, до Комисијата ќе се достават тендерските документи за проектите одобрени во двете фази.
Процесот на програмирање на стратешкиот документ и Акциските програми за 2021 и 2022 година, а и за сите наредни програмски години, се организира во рамките на постоечките секторски работни групи, воспоставени и функционални со воведувањето на ИПА II.
Се работи за 12 (дванаесет) секторски работни групи формирани во исто толку сектори, претседавани од ресорните министри.
Во текот на втората половина на 2020 година, секторските работни групи, под координација на Секретаријатот за европски прашања, развија и до Европската комисија доставија 22 акциски фишеа за Акциските програми за 2021 и 2022 година.
По проценката на релевантноста спроведена од страна на службите на Комисијата, сите предложени проекти преминаа во следната, втора фаза на проценка на зрелоста. Во моментов надлежните институции постапуваат по препораките на Европската комисија. Оттука, проектот/ите може да се претрпат промени во врска со буџетот, обемот и аранжманите за спроведување, при што ќе се финансираат само проекти што се сметаат за зрели.
Одлуката на Комисијата за усвојување на програмите се очекува до крајот на 2021 година за предложените проекти за 2021 година и за 2022 година за предложените проекти за 2022 година.
НИПАК секретаријатот во текот на декември 2020-март 2021 година ја координираше активноста за финализирање на стратешкиот одговор во рамките на ИПА III и акциските документи за 2021 година и на 17 март 2021 година достави 15 Стратешките одговори на ниво на 17 тематски приоритети и 7 (седум) Акциските документи за 2021 година. Акциските документи за 2021 година влегуваат во втората фаза на испитување на зрелоста на предложените проекти во службите на Европската комисија.
Акциските документи за Годишната акциска програма за ИПА 2021
Акциски документи за Годишната акциска програма за 2022
Јавнa консултација во врска со програмирањето на ИПА III Програмата за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија 2021-2027 година
Почитувани,
Влегуваме во последната фаза на подготовка на Програмата за прекугранична соработка ИПА III Србија – Северна Македонија за следнaта седумгодишна финансиска перспективa 2021-2027 година.
Прочитајте го вториот нацрт на Програмскиот документ и испратете ги вашите предлози на е-поштата подолу. Воедно замолуваме за ваш придонес за процесот на донесување одлуки и подобрување на квалитетот на процесот на програмирање со пополнување на краток прашалник преку следниот линк.
Исто така, ве охрабруваме да ја проследите оваа информација до сите поединци и институции и / или организации, што, според ваше мислење, може да придонесат за подобро разбирање на потребите од областа на програмата на оваа прекугранична програма преку нивно активно учество во овој заеднички и транспарентен Процес на програмирање на ИПА III.
Сите доставени предлози и коментари ќе бидат разгледани за време на јавната консултација закажана на 20/04/2021. од 10:00 – 12:00 часот.
Доколку сакате да учествувате во јавната консултација, линкот за приклучување.
Ве молиме, испратете ги вашите коментари и предлози на следната е-адреса: office@rs-mk.org
Ви благодариме за придонесот, поддршката и соработката.
Заеднички технички секретаријат на Програмата за прекугранична соработка Србија-Северна Македонија 2016-2020
Со цел продолжување на секторскиот пристап во работата на Секторските работни групи кој започна со ИПА II, Канцеларијата за поддршка на Националниот ИПА координатор подготви календар на одржување на состаноците на Секторските работни групи за 2022 година, кој е предвиден да се реаlизира во два циклуси (првиот во март-април и вотриот во септември 2022 година). Состаноците на СРГ ќе имаат за цел обезбедување дијалог за спроведување на политиките, стратешките приоритети, национални програми, со цел обезбедување на оддржливо и долгорочно планирање на националните приоритети и финансиската поддршка на ЕУ.