Новости
среда, 07 декември 2022 05:56
Денес, со областа Функционирање на демократски институции, го завршуваме билатералниот скрининг за кластерот Фундаментални вредности. Оваа област е исто така за прв пат претставена со новата ревидирана методологија за преговори.
Како клучен дел од копенхашките критериуми, оваа област е многу важна за динамиката на првиот кластер, но и за преговорите во целина.
Функционирањето на демократските институции е клучно за секое демократско општество бидејќи претставува суштинска вредност врз која се заснова и функционира ЕУ, како што е предвидено и со Договорот од Лисабон.
Веќе подолго време нашата земја е посветена на реформите на полето на функционирање на демократски институции, владеење на правото и заштита на човековите права и слободи.
Презентациите на нашата делегација за оваа област се за:
Посветени сме за зајакнување на демократското функционирање на земјата преку градење силни институции, како и преку промовирање на принципот на одговорност, транспарентност и инклузивност.
На денешнаиот билатрален скрининг не посети и Претседателот Пендаровски кој ја поздрави и охрабри нашата делегација.