ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Регистрација на проекти
Регистрација на проекти

РЕГИСТРАЦИЈА НА ПРОЕКТИ/ДОНАЦИИ ВО ЦЕНТРАЛНАТА БАЗА НА ПОДАТОЦИ ЗА СТРАНСКА ПОМОШ - ЦДАД

Централната база на податоци за странска помош при Владата на Република Македонија, овозможува регистрирање на сите проекти/донации во Р.Македонија финансирани со неповратни парични средства од странски донатори (грантови/донации).
Кај ваквите проекти/донации, финансирани со неповратни парични средства на странски донатори - за кои постои соодветен Договор помеѓу Владата на Република Македонија и странскиот донатор, а во кој договор е експлицитно предвидено дека со донираните средства не смее да се плаќаат увозни давачки, даноци и акцизи во Република Македонија - постои одобрена Постапка за ослободување од царински, акцизни и други увозни давачки и/или ослободување од данок на додадена вредност (ДДВ) на промет на добра и услуги, при набавки на добра и услуги, како и увози на добра и опрема за официјалните потреби на самиот Проект / Донација.
Оваа Постапка ја иницира, односно поведува, субјектот задолжен за спроведување на проектот.
За започнување на оваа Постапка, потребно е најпрвин спроведувачот да Побара проектот/донацијата да биде регистриран/а во Секретаријатот за Европски прашања, односно во Централната база на податоци за странска помош - ЦДАД при Владата на Република Македонија.

 

ОПИС НА ПОСТАПКАТА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ДОНАЦИЈАТА ВО СЕКРЕТАРИЈАТОТ ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА (СЕП) ОДНОСНО ВО ЦЕНТРАЛНАТА БАЗА НА ПОДАТОЦИ ЗА СТРАНСКА ПОМОШ - ЦДАД
За да се отпочне со оваа Постапка, субјектот задолжен за реализација на проектот - т.н. спроведувач/ имплементатор, треба самоиницијативно да ја поднесе следнава документација до Архивата на Секретаријатот за европски прашања, во вид на официјално Барање :

(по пошта, на адреса: Секретаријат за европски прашања (Архива), Влада на Република Македонија, Кеј Димитар Влахов 4 (3.кат), или лично, на рака, во Архивата на СЕП)
1. Барање за регистрација на проектот во ЦДАД (образец НИПАКС/ЦДАД 2.1 - преземи Барање) – целосно пополнето, потпишано и заверено со печат од спроведувачот на проектот, и поткрепено со следниве Прилози (2. до 4.).

2. Копија од Договорот за донација/финансирање, склучен помеѓу корисникот или субјектот за спроведување на проектот (спроведувачот), и странскиот донатор (или негов овластен претставник), вклучувајќи ги и сите евентуални Анекси кон тој договор.

3. Копија од целокупната проектна документација, вклучувајќи го и Буџетот на проектот (или само Проектно резиме + буџет, доколку се работи за многу обемни инфраструктурни проекти, со голем обем на проектна документација).

4. * Список на долгорочни странски експерти, кои се (или ќе бидат) ангажирани во проектот.
(* - доколку е применливо)

5. Пропратно писмо во кое ќе стои содржината на предметот кој се поднесува со цел регистрација на проектот во ЦДАД базата, називот на проектот за кој се бара регистрација/продолжување на регистрацијата на проектот во ЦДАД базата и образложение во врска со тоа дали предметот се однесува на регистрација на проект или продолжување на веќе постоечка регистрација на проектот во ЦДАД базата.


Потврдата со која се потврдува дека Проектот е примен за регистрација во СЕП / Базата ЦДАД, му се издава на Барателот во рок од 10 работни дена по датата на архивски прием на Барањето & соодветната документација, и тоа само доколку Барањето е поднесено уредно, и соодветно пополнето и комплетирано како што е наведено погоре, и во упатствата за пополнување содржани во самиот Образец НИПАКС-ЦДАД 2.1.
Потврдата е со дата на важност која е еднаква со датата на нејзино издавање кон Барателот, односно физичко преземање на Потврдата од негова страна.
Потврдите им се издаваат на Барателите лично, на рака, со потпис-реверс, и тоа само по претходно телефонско/и-меил известување од страна на одговорното лице во СЕП дека соодветната Потврда е изготвена.

ТЕРМИНИ / ЛОКАЦИЈА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ПОТВРДИТЕ :
Барателите можат да ги преземат (подигнат) Потврдите лично, по претходно телефонско/и-меил известување за тоа од страна на СЕП, секој Петок помеѓу 12 и 16 часот, во канцеларија 314 во просториите на СЕП, кои се наоѓаат на адреса:

Кеј Димитар Влахов бр.4 (3-ти кат),
(деловната зграда зад хотелот Стоун Бриџ - поранешни простории на Комерцијална Банка).

ТЕРМИНИ ЗА ТЕЛЕФОНСКИ КОНСУЛТАЦИИ СО ОДГОВОРНОТО ЛИЦЕ:
Доколку постои потреба за дополнителни појаснувања/консултации во врска со пополнувањето на документацијата, Барателите можат телефонски да го контактираат одговорното лице во СЕП за консултации, и тоа секој работен ден во периодот помеѓу 13 и 15 часот, на телеф.број : 02 - 3200 243.

ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ / КОНСУЛТАЦИИ (ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ВО СЕП) :

Благица Коровин,
Секретаријат за европски прашања,
кеј Димитар Влахов 4 (3.кат).
е-пошта: Blagica.Korovin@sep.gov.mk
тел.: +389 2 3200 243 (од 13-15ч.)

 

* * *


ОПИС НА ПОНАТАМОШНИОТ ТЕК НА ПОСТАПКАТА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ЦАРИНСКИ, АКЦИЗНИ И ДРУГИ УВОЗНИ ДАВАЧКИ И/ИЛИ ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ДДВ НА ПРОМЕТ НА ДОБРА И УСЛУГИ

По преземањето на Потврдата за Регистрација во ЦДАД (која ја издава СЕП), Барателот, односно Спроведувачот, треба да пристапи кон преземање на Единствен Даночен Број (ЕДБ) за Проектот/Донацијата, што се прави во Управата за јавни приходи (УЈП) - Регионална дирекција Скопје.
Потоа, со цел стекнување со Потврда за остварување на правото за ослободување од царина, акциза и други увозни давачки при увоз на добра за реализирање на проектите, и/или остварување на правото на ослободување од ДДВ на промет на добра и услуги во државата (која ја издава Министерството за финансии), Спроведувачот на Проектот/Донацијата поднесува соодветно Барање и до Министерството за финансии (МФ).
За формулирање и појаснување на содржината и формата на горенаведеното Барање до МФ, постои соодветен Правилник/Упатство (објавени во Сл.Весник на Р.Македонија бр.98 од 30.06.2014 година), во кое е детално опишана целата Постапка, и во кои се наведени сите дополнителни документи кои треба да се приложат кон Барањето до МФ, како и самиот Образец-БАРАЊЕ А1-П/СД - Правилникот/Упатството може да ги преземете овде (преземи Упатство).


Дополнителни корисни информации во врска со оваа Постапка може да најдете и на следните интернет-врски:


http://www.finance.gov.mk (Министерство за финансии)

http://cfcd.finance.gov.mk (Централен Сектор за финансирање и склучување Договори при МФ)

http://www.ujp.gov.mk (Управа за јавни приходи при МФ).

http://cdad.sep.gov.mk (Централна база на податоци за странска помош - ЦДАД)

 

Сподели ја содржината!
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.