ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Работилница за фундаментални права во Македонија
15:26, четврток, 24 март 2016

Денеска 24.03.2016 год. Секретаријатот за европски прашања со поддршка на Германско друштво за интернационална соработка (ГИЗ) одржаа работилница за фундаментални права во Република Македонија.

На работилницата учествуваа претставници од граѓанските организации, а свои воведни обраќања имаа заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашња д-р Фатмир Бесими, заменик амбасадор во Амбасадата на сојузна република Германија во Македонија г-дин Ханс Хелге Сандер и директорот на ГИЗ канцеларијата во Македонија, г. Џејмс Макбет.

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) поддржан од страна на Проектот на германско македонската билатерална соработка "Поддршка на Секретаријатот за европски прашања" спроведен од ГИЗ (Германско друштво за интернационална соработка), ја анализираше националната институционална поставеност во областа на фундаментални права. Резултат од оваа анализа е мапирање на сите национални чинители вклучени во областа на темелните права, нивните надлежности, како и идентификување на постоечките координативни структури во оваа област. Оваа анализа претставува основа за отпочнување на длабинска анализа за утврдување на нивото на усогласеност со ЕУ.

Имајќи ја предвид важноста на фундаменталните права како и фактот дека новиот пристап во преговорите се фокусира на поглавјата 23 и 24, но и фактот дека станува збор за една обемна материја која е дефинирана во многу закони, стратегии, надлежностите се портфолијата на голем број институции, а многу често има и споделена надлежност, го инициравме и спроведовме овој процес на анализа на националната институционална поставеност во областа на фундаментални права, со цел да добиеме појасна слика за целокупниот механизам и да видиме каде има потреба за унапредувања во законската и институционална рамка,истакна вицепремиерот Бесими во своето обраќање.

Целата на оваа работилница е презантирање на резултатите од досегашните активности во насока на идентификување на националната структура за фундаментални права, како и размена на информации, мислења, искуства и предлози за подобрување на координативните структури и мониторинг механизмите.


Денешната дебата е чекор поблиску до втората фаза од овој проект, кога ќе може да се продолжи со длабинската анализа во сите наведени области од фундаменталните права, или селекција на оние области кои ќе треба да се задржи фокусот во наредниот период.

Сподели ја содржината!
Новости
Средба на ЗПВ Димитров со хрватската амбасадорка Тигањ
Средба на ЗПВ Димитров со австрискиот амбасадор Вуцас
Вицепремиерот Димитров во работна посета на германското претседателство со ЕУ ​
Средба на ЗПВ Димитров со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска оствари средба со новоименуваниот евроамбасадор во земјава, Дејвид Гир
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.