ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Твининг
Твининг

Твининг (Twinning) инструментот беше промовиран 1998 година од страна на Европска Комисија (ЕК), во рамки на подготовките за проширувањето на ЕУ. Беше замислен како инструмент за таргетирана административна соработка наменета како помош на државите кандидатки за членство во Унијата, во јакнење на нивните административни и судски капацитети за имплементација на легислативата на Европската заедница како идни членки на ЕУ.

Од 1998 година, повеќе од 1300 твининг проекти се имплементирани во земјите кандидати за членство, а финансирани преку PHARE или други финансиски инструменти за пред-пристапна помош. Твинингот продолжува да игра витална улога во контекст на институционална надградба во новите земји членки под т.н. механизам за транзиција а истотака останува и клучен инструмент за институционална надградба во сегашните земји кандидати (Хрватска, Република Македонија и Турција).

Во земјите од т.н. Западен Балкан, твинингот започна да се користи во летото 2002 година за одредени програми за институционална надградба, особено во областа на правда и внатрешни работи. Сега твинингот е достапен без оглед на специфичноста на секторот во контекстот на ИПА.
Твинингот е клучен инструмент на ЕК за институционална надградба односно за помош и поддршка на државите кандидати и аспиранти за членство, во развивањето на структури, стратегии, човечки ресурси и менаџерски вештини потребни за јакнење на нивните политички, економски, социјални и административни капацитети. Негова крајна цел и намена се преку трансфер на знаење и искуства од администрациите и јавните институции на државите членки да им се помогне на овие држави да ги воспостават и зајакнат институциите кои треба да го инкорпорираат и имплементираат европското acquis communautaire.
Најпрво, твининг проектите се креираат имајќи ги предвид заеднички усогласените цели на ЕУ политиките, како што се подготовките за ЕУ проширување, понатамошно зајакнување на административните капацитети и/или зајакната соработка во согласност со ЕУ политиките, како што е предвидено во регулативите за ИПА.
Важно е да се напомене дека повиците за поднесување на понуди за твининг проекти не се објавуваат на страната на Секторот за централно финансирање и склучување договори (CFCD) и EuropeAid, туку повиците ги циркулира Делегацијата на Европска Унија до Националните твининг контакт лица на земјите членки.

Национално контакт лице за Твининг:
М-р Орхидеја Каљошевска
Раководител на Сектор за координација на ЕУ фондови и друга странска помош,
orhideja.kaljosevska@sep.gov.mk
Тел: +389 23 200 139

Основни начела и принципи на твинингот

Документи:

 

Сподели ја содржината!
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.