ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Процес на преведување
Процес на преведување

Секторот за подготовка на националната верзија на acquis communautaire (правото на Европската унија) e централно координативно тело задолжено за:

 

  • преведување и координација на процесот на подготовка на националната верзија на правото на Европската унија;
  • преведување и координација на процесот на преведување на законодавството на Република Македонија на еден од службените јазици на Европската унија, и
  • преведување и координација на процесот на преведување на други документи од значење за процесот на европска интеграција на Република Македонија
  • следење на развојот на јазичните прашања во насока на исполнување на критериумите за интегрирање на Република Македонија во Европската унија во доменот на јазикот.

Секторот за подготовка на националната верзија на acquis communautaire помеѓу другото, горенаведените функции ги врши согласно Упатството за постапување при превод на правни акти и други документи од страна на Секретаријатот за европски прашања- Сектор за подготовка на националната верзија на acquis communautaire

Секторот за подготовка на националната верзија на acquis communautaire е составен од две одделенија:

1. Одделение за преведување и координација на процесот на преведување, задолжено за:

  • анализа на барањата за превод,
  • изготвување на план за преведување,
  • подготовка на документите за преведување,
  • преведување на документи,
  • доставување и координација на движењето на документи помеѓу учесниците во процесот на подготовка на националната верзија на acquis communautaire, преводот на правни акти на Република Македонија и други акти од значење за процесот на европска интеграција на Република Македонија,
  • водење на евиденција за движењето на актите,
  • ажурирање на базите на податоци, и
  • изготвување на упатства за регулирање на целиот процес и улогата на сите учесници во процесот на подготовка на националната верзија на acquis communautaire, преводот на правни акти на Република Македонија и други акти од значење за процесот на европска интеграција на Република Македонија.

2. Одделение за ревизија и терминологија, задолжено за:

  • јазична ревизија на преводите на акти и документи
  • усогласување на терминологијата,
  • следење на квалитетот на преводите на правните акти на ЕУ и на РМ,
  • изготвување на прирачници,

(Прирачник за преведување на правните акти на Европската унија –второ издание)
(Прирачник за преведување на правните акти на Република Македонија – прво издание)

  • како и одржување на терминолошката база на податоци.

Во работата на Секторот за подготовка на националната верзија на acquis communautaire вклучени се и надворешни соработници од ресорните министерства, органите на државната управа, научни и образовни институции и други учесници.

Целиот процес на подготовка на националната верзија на правото на Европската унија и на преведувањето на законодавството на Република Македонија со сите предвидени и планирани активности, потребни финансиски и човечки ресурси е претставен во Стратешкитот план за подготовка на националната верзија на правото на Европската унија и на преведувањето на законодавството на Република Македонија кој за периодот 2011-2013 е во фаза на консултации.

Бази на податоци важни за Секторот за подготовка на националната верзија на acqis communautaire :

1. Регистар за следење на процесот на преведување на правните акти на Европската унија (Translation register)
2. ЕУ-терминологија и корпус на Интернет (TermBase)
3. Поимници

Сподели ја содржината!
Процес на преведување
Општо
Поважни документи
Бази на податоци
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.