ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Втора донаторска конференција посветена на бегалско-мигрантскиот предизвик
18:48, понеделник, 09 ноември 2015

Денес, во организација на Секретаријатот за европски прашања се одржа втората по ред донаторска конференција посветена на зголемениот наплив на бегалци и мигранти, со цел координирање на напорите и акциите на сите засегнати страни во справувањето со овој предизвик во глобални размери.

На конференцијата свое обраќање имаа Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, Н.Е. г. Аиво Орав амбасадор и шеф на Делегацијата на ЕУ во Р. Македонија, г. Сузана Салиу, Директор на Центарот за управување со кризи, како и претставници од Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи.

Гости и учесници на настанот беа амбасадорите на земјите членки на ЕУ со седиште во Република Македонија, претставници на меѓународните организации инволвирани во процесот, како и претставници на државните институции.

Во своето обраќање Вицепремиерот Бесими се осврна на конкретните активности кои се превземаат во поглед на координацијата на справувањето со ситуацијата, како и координацијата во поглед на дефинирање на потребите за справување со ситуацијата од страна на институциите.

За време на конференцијата беше истакнато дека е потребна понатамошна меѓународна и европска помош, особено во пресрет на студените зимски месеци, со цел постигнување на достоинствен и хуман третман на сите тие луѓе. Воедно, беше нагласено дека Македонија прави се што е во нејзина моќ и останува посветена во исполнувањето на задачите во поглед на справување со овој огромен предизвик, како обезбедување на навремена размена на информации и ефективна соработка, поддршка на бегалците во обезбедување на привремено засолниште, одмор, храна, медицинска заштита, менаџирање на миграциските текови преку обезбедување на целосна регистрација на пристигнувањата, со максимална употреба на биометриски податоци особено отпечатоци од прсти, зголемена гранична контрола, подобрување на полициската и судската соработка како и зголемени активности против криумчарењето мигранти и трговија со луѓе, со поддршка на Европол, Фронтекс и Интерпол.

На крајот на конфернцијата Вицепремиерот Бесими им се заблагодари на сите донатори за нивната поддршка, и ги повика и останатите меѓународни и европски чинители да го дадат својот приденес за да може Македонија соодветно да се справи со настанатата состојба.

Сподели ја содржината!
Новости
Вицепремиерот Димитров во работна посета на германското претседателство со ЕУ ​
Средба на ЗПВ Димитров со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска оствари средба со новоименуваниот евроамбасадор во земјава, Дејвид Гир
Вицепремиерот Димитров во Брисел на средба со потпретседателот на Европската комисија, Схинас
Средба Димитров – Вархеји
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.