ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ДВАНАЕСЕТТИ СОСТАНОК НА СОВЕТОТ ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА И АСОЦИЈАЦИЈА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ЕВРОПСКА УНИЈА - Брисел
22:24, понеделник, 20 јули 2015

ЗАЕДНИЧКО СООПШТЕНИЕ

На 20 јули 2015 година, Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија го одржа својот дванаесетти состанок. Со состанокот претседаваше г-дин Никола Попоски, Министер за надворешни работи на Република Македонија. Од страна на Европската унија со состанокот ко-претседаваше г-дин Лајчак, Заменик премиер и Министер за надворешни и европски работи на Република Словачка, во име на Високиот претставник, Федерика Могерини. Комесарот Јоханес Хан ја преставуваше Европската комисија. На состанокот исто така учествуваше и г-дин Фатмир Бесими, Заменик претседател на Владата на Републичка Македонија задолжен за европски прашања.

Советот за стабилизација и асоцијација го зеде предвид настојувањето на земјата за започнување на преговори за пристапување, земајќи ги предвид во овој контекст препораките на Европската комисија. Исто така, ги зеде предвид Заклучоците на Советот кои беа донесени на 16 декември 2014 година, потоа на 21 април 2015 година и на 23 јуни 2015 година.

Советот за стабилизација и асоцијација ги разгледа клучните настани од претходниот период кои се однесуваат на исполнувањето на политичките критериуми. Советот за стабилизација и асоцијација дискутираше за продолжената политичка криза во земјата, како и за сериозните и системски прашања поврзани со владеењето на правото, а во врска со следењето на комуникациите. Го поздрави договорот кој лидерите на четирите главни политички партии го постигнаа на 15 јули, со посредство на Европската унија, за да се стави крај на политичката криза и повика договорот да биде брзо спроведен во добра волја, вклучувајќи ги и итните реформски приоритети за системските прашања од владеењето на правото за кои сите страни се обврзаа.

Советот за стабилизација и асоцијација го зеде предвид фактот дека Владата подготвила нацрт Акциски план за реализација на итните реформски приоритети во областите на владеењето на правото и судството, јавната администрација, медиумите, реформа на изборното законодавство, меѓу-етничките односи и економското управување, како и за спроведување на препораките на Комисијата за испитување на настаните од 24 декември, земајќи исто така превид дека Владата веќе спроведува некои од тие активности, имено активностите во однос на владините јавни информативни кампањи, законот за лустрација и статистичките податоци за јавната администрација. На состанок на Пристапниот дијалог на високо ниво кој ќе се одржи во септември, а кој ќе ги вклучи и опозицијата и граѓанскиот сектор, ќе се разгледа постигнатиот напредок. Советот за СА исто така го зема предвид повикот на ЕУ за темелна и независна истрага за сите наводи, вклучувајќи ги и оние на потенцијалните престапи обелоденети во објавените снимки од прислушуваните разговори, со целосна почит на процедуралните правила, начелата на независност на обвинителството и судството и презумпцијата на невиност.

Советот за стабилизација и асоцијација потсети дека регионалната соработка и добрососедските односи остануваат суштински.

Советот за стабилизација и асоцијација го поздрави континуираното активно учество на земјата во регионалната соработка, како и претседавањето со Централно европската иницијатива.

Советот за стабилизација и асоцијација исто така го зеде предвид миграцискиот притисок со кои се соочува земјата и целиот регион, напорите кои биле преземени до сега, како и планираната конференција на високо ниво која треба да се одржи во месеците кои престојат, како што е наведено во заклучоците на Европскиот совет од 25-26 јуни 2015 година.
Во врска со економскиот развој, Советот за стабилизација и асоцијација забележа дека економијата на земјата продолжи да расте минатата година, дека се одржува макро-финансиска стабилност, како и дека инфлациското опкружување останува добро. Ја поздрави изготвената Програма за економски реформи (ПЕР) за периодот од 2015 до 2017 година и ја повика Владата да спроведе активности врз основа на препораките во рамките на Економскиот и финансиски дијалог, одржан во мај 2015 година. Ја зеде предвид и ја охрабри тековната работа во однос на управувањето со јавните финансии.

Советот за стабилизација и асоцијација го поздрави напредокот во однос на програмирањето на идната помош од ЕУ, како и напорите за надминување на недостатоците во апсорпција на фондовите на ЕУ и за подобрување на капацитетите на институциите задолжени за спроведување на истите.

Советот за стабилизација и асоцијација исто така го зеде предвид добриот напредок постигнат во разни области опфатени со Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Го поздрави и високото ниво на трговска интеграција и пристапувањето на земјата кон Конвенцијата на ЕУ за заедничката транзитна постапка. Советот за стабилизација и асоцијација потсети на предлогот од Комисијата од октомври 2009 година за преминување во втората фаза на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Потврди дека одлуката за предлогот останува во Советот на ЕУ.

Сподели ја содржината!
Новости
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
Главниот преговарач на ЕУ, Османи побара државен консензус за преговорите
ОСМАНИ: КОВИД КООРДИНАТОРИ ВО ФАБРИКИТЕ И ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ И ОЛЕСНЕТА КОМУНИКАЦИЈА
Респираторите донирани од Кралството Норвешка пристигнаа во државата
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.