ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
INDEX DOCUMENTS
Единствен список на проекти кој произлегува од секторски списоци на проекти, направени врз основа на Програмата на Владата на Република Македонија 2014 – 2018 година

Национален Инвестициски Комитет (НИК) – Мандатот, улогите и одговорностите

координациската рамка и методологијата на НИК

НИК е составен од три нивоа кои ќе служат како основа за програмирање на сите достапни извори за финансирање (опфаќајќи ја национална ИПА и другите донатори).

  • Секторските работни групи беа усвоени на 68 Владина седница на 31.03.2015
  • Владата на 78-та седница одржана на 08.06.2015 го усвои предлогот за воспоставување на Националниот Инвестициски Комитет (НИК) и Единствената листа на проекти за инвестициски проекти која беше базирана на Програмата на Владата 2014-2018 како и на ИПА 1 и ИПА 2 Оперативните Програми.
  • На 87 Владина седница се усвои одлуката за основање на НИК

Главните елементи врз кои е основан НИК се: (а) Сопственост, (б) Транспарентност, (в) Приоритизација и (г) Структурирано учество на ЕК и други меѓународни финансиски институции.

(а) Сопственост: Највисоката национална и политичка сопственост да се демонстрира преку периодична ратификација и доставување до релевантните тела (Делегација на Европска Унија (ДЕУ), Инвестициска рамка за западен Балкан (WBIF) и Меѓународните финансиски институции за понатамошно процесуирање на Единствената листа на (приоритизирани) проекти од страна на НИК.

(б) Транспарентност: Ресорните министерства треба да подготват Единствена секторска приоритетна листа на проекти. Потребно е методологијата да се применува при обработката на проектите, структурирано вреднување на поставените приоритети, одлуките донесени во процесот и во консултација со другите институции како што се Министерството за финансии, ДЕУ, Меѓународните финансиски институции итн.

(в) Приоритизација: постојат два вида на приоритизација. Првата приоритизација се прави на ниво на ресорните министерства, каде се приоритизираат проектите на Единствена секторска проектна листа. Втората приоритизација е на ниво на НИК и Министерство за финансии, каде списокот на проекти од Единствениот секторски список на проекти (од ресорните министерства) се спојуваат во Единствен список на проекти. Ова приоритизирање треба да биде во согласност со националните приоритети и приоритетите на ЕУ (рамковни спогодби, договори за партнерство итн.)

(г) Структурирано учество на ЕК и други меѓународни финансиски институции: Во НИК потребно е структурирано/ефикасно вклучување на ЕК и други меѓународни финансиски институции и тоа во двете фази: (1) во фаза на релативна зрелост на Единствената секторска листа на приоритизирани проекти од страна на ресорните министерства и (2) во фаза на ратификација на Единствениот список на приоритизирани проекти од стана на НИК, Министерство за финансии или Претседател на Влада.

Постојани членови на првото ниво НИК се:

  • Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања;
  • Заменик претседателот на Владата и министер за финансии;
  • Заменик претседателот на Вадата задолжен за економски прашања

Обврските на првото ниво на Националниот инвестициски комитет се:

  • Промовирање на системско планирање на инвестициите во инфраструктурата и обезбедување на усогласеност измеѓу различни извори на финансирања (буџет, кредити и неповратни средства);
  • Координација на активностите што се однесуваат на подготовката на Единствениот список на проекти за инфраструктура;
  • Презентирање на плановите за реализација на проектите дефинирани според Единствениот инфраструктурен список кој претходно е усвоен од страна на Владата на РМ, пред партнерите за развој, како и разгледување на нивните предлози и мислења во врска со предложените проекти.
  • Земање во предвид на различните можности за финансиска помош околу подготовката и имплементацијата на проектите од Единствениот список на инфраструктурни проекти,
  • Размена на мислења на експертско ниво меѓу претставниците на Македонската страна и меѓународните институции, за да се постигне подобра координација на двете страни заинтересирани за финансирање на инфраструктурни проекти.
  • Дискусија околу Единствениот список на проекти, следење на напредокот и постигнувањата на секоја Секторска работна група;
  • Усогласување на основните упатства за политиките и усвојување на заклучоци, кои понатаму ќе бидат мониторирани од второ и трето ниво во рамки на НИК структурата;
  • Усогласување и дефиниција на моделите за финансирање на Единствениот список на проекти и
  • Мобилизација на ресурсите за секторите, во соработка со СЕП и МФ, националните координатори и донаторите;

Второ ниво – Техничка работна група на НИК, ќе биде основно креативно и оперативно тело, кое треба да го формулира, промовира и следи спроведувањето на секторскиот пристап во пракса.

Треба да биде составена од следните постојани членови согласно нивната позиција:

  • Државниот секретар на Секретаријатот за европски прашања – Претседател;
  • Претставник на Секретаријатот за европски прашања (2 члена и 2 заменици)
  • Претставник на Министерството за финансии (2 члена и 2 заменици)
  • Претставник на Кабинетот на Заменик претседателот за економски прашања (член и заменик) и
  • Претставник на Канцеларијата на Премиерот (член и заменик)

Техничката работна група на НИК треба да се состанува најмалку два пати годишно и до колку е потребно неколку пати во текот на годината.

Обврските на второто ниво НИК се:

  • Следење на секторските работни групи за програмирање;
  • Имплементација на одлуките усвоени од Владата и усвојување на заклучоците од НИК Прво ниво;
  • Обезбедување на лидерство, консултации, упатства и задачи на секторските работни групи за програмирање и нивните координатори;
  • Давање на иницијативи за промоција на секторскиот пристап;
  • Известување на Владата, Заменик претседателот за европски прашања и Прво ниво на НИК.

Третото ниво на НИК треба да биде составена од работни групи за програмирање во секторите: транспорт, животна средина, енергетика и социјален сектор. Работните групи се од суштинско значење за оперативното спроведување на процесот на програмирање, креирање на секторските листи на проектите и ќе обезбедат повратни информации за повисоките нивоа.

Работните групи треба да се состануваат најмалку еднаш квартално и до колку е неопходно неколку пати во текот на годината.

Обврските на третото ниво НИК се:

  • Спроведување на секторското планирање на оперативно ниво за релевантниот сектор и усогласување помеѓу развојната помош со националните стратешки приоритети, во согласност со Оперативната програма на Владата;
  • Помош во планирањето на развојните приоритети во релевантните сектори и креирање на Секторскиот список на проекти;
  • Обезбедување на поддршка за процесот на програмирање на ИПА, кој е координиран од СЕП;
  • Редовен мониторинг на сите стратегии во областа и до колку е потребно, предлагање/иницирање на ажурирања на стратешката програмска рамка;
  • Спроведување на задачи делегирани од Владата на Република Македонија, од првото и второто ниво на НИК;
  • Спроведување на секторска евалуација во согласност со добиените упатства од СЕП.

Доколку е потребно, на состаноците на сите нивоа на НИК, можат да присуствуваат претставници на Делегацијата на Европската унија, на канцелариите на Европската банка за реконструкција и развој и Кредитната банка за реконструкција, претставници на Европската банка за инвестиции и Банката за развој со Советот на Европа, како и претставници на билатералните кредитори и донатори активни во Република Македонија.

За својата работа, Националниот инвестициски комитет треба да ја информира Владата еднаш годишно, не подоцна од крајот на Март во тековната година, за остварената работа во претходната година.

Првиот состанок на Националниот инвестициски комитет беше одржан на 29 Јуни 2015 година, кога пред високи претставници на Меѓународните финансиски институции, билатералните партнери и останата донаторска заедница со постојана мисија во Република Македонија беа презентирани мандатот, улогата и одговорностите на координаторската рамка на НИК.

 

Вториот состанок на Националниот инвестициски комитет беше одржан на 7 Декември 2015.

Единствениот список на проекти беше презентиран пред Меѓународните финансиски институции, билатералните партнери и донаторската заедница со постојана мисија во Република Македонија, по шест месеци работа и 18 работилници одржани од страна на секторските работни групи.

На 07.12.2015 година Владата на Република Македонија ја усвои Единствената листа на инфраструктурни проекти која можете да ја најдете на дадениот линк подолу.

 Download document: Project Table (PDF)

Сподели ја содржината!
INDEX DOCUMENTS
Национална Програма за Усвојување на Правото на Европската Унија, Ревизија 2017
Поканети НВО, за трибината Имплементација План 3-6-9
Влада на Република Македонија: План 3-6-9
Sector Policy Co-ordination framework
Национална Програма за Усвојување на Правото на Европската Унија, Ревизија 2016
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.