ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Центар за Обука на СЕП

Секретаријатот за европски прашања, согласно определбата за јакнење на институционалните капацитети во процесот на европска интеграција континуирано обезбедува јакнење на државните институции и надградба на државната администрација во насока на ефикасно спроведување на реформите за членство во ЕУ.

Како поддршка на долгогодишното работење во насока на зајакнување на административните капацитети во процесот на подобро разбирање на Европската Унија, нејзините политики, законската рамка , функционирање, како и нејзините инструменти во јуни 2011 година е етаблиран и промовиран Центарот за обука на СЕП. Во февруари 2012 е ставен во целосна функција.

Одделение за обука за користење на европските фондови и друга странска помош (Центар за обука) e Одделение во рамките во Секторот за координација на европски фондови и друга странска помош и е дел од акрединираната НИПАК структура.

Центарот за обука на СЕП на Секретаријатот за европски прашања подготвува и спроведува анализа на потребите од обука (Training Needs Assessment, Individual Training Plan), планови за обука (Оперативен план на ЦО), располага и управува со група на експерти-обучувачи од државната администрација, управува со базата на податоци за уврдените потреби, планирани и спроведени обуки во односно на процеcот на придружување кон ЕУ, како и искористување на европските фондови.

Видот на обуки за државните службеници во однос на процесот на интеграција во ЕУ се утврдуваат во согласност со искажаните потреби во соодветниот образец ( ТНА образец и ИТП образец).

Обуките се дизајнираат и координираат во соработка со домашни институции и меѓународни донатори. Во однос на билатералната соработка Центарот за обука на СЕП има активен пристап кон билатералните партнери.

Центарот за обука на СЕП располага со свои премиси од јуни 2011 година сместени во објект пред зградата на Владата на Република Македонија, простории за изведување обука, компјутерска работилница , библиотека и соодветна опрема.

За повеќе информации за активностите на Центарот за обука на СЕП кликнете тука Центар за Обука на СЕП 

Сподели ја содржината!
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.