ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Средба со претставници на медиумските здруженија и организации
16:01, среда, 22 октомври 2014

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, денес имаше средба со претставници од медиумските здруженија и организации. На дискусијата присуствуваа претставници од Советот за етика на медиуми, Здружението на новинари на Македонија, Синдикатот на новинари, Центарот за развој на медиуми, Македонскиот институт за медиуми, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и претставници од Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за правда.

Главна тема беа наодите од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во 2014 година, во делот на слободата на изразување и слободата на медиуми.

Покрај добивањето на уште една препорака за започнување на преговори од страна на Европската комисија, овогодинешниот Извештај укажува на потребата за дополнителна работа и сериозен ангажман во доменот на слободата на изразување, но и ги поздравува јавните консултации и советувања со домашните и меѓународните организации и здруженија, по однос на ова прашање, односно широката расправа при донесувањето на Законите за медиуми и аудио и аудиовизуелни услуги.

Притоа, Вицепремиерот Бесими нагласи дека, како што е истакнато и во Извештајот, позитивен развој е и воспоставувањето на саморегулаторно тело, Советот за етика на медиумите.

Во текот на расправата беше подвлечена потребата од обезбедување на поголема финансиска независност на Јавниот сервис, МРТ. Исто така беше издвоено јавното објавување на податоците за владиното рекламирање од страна на Владата, со што се придонесува за поголема транспарентност на процесот, и се укажа на потребата на поголема транспарентност и објективност во однос на критериумите. Дискутиран беше и трендот на опаѓање на бројот на тужби за клевета и навреда, кој е резултат на декриминализацијата на клеветата и навредата, и во исто време се потенцираше потребата за воведување на култура на вонсудско решавање на случаите на клевета и навреда.

Беше истакнато дека експерти од ТАЕКС мисијата на ЕУ присуствуваа во Македонија и од нивна страна беше разгледана имплементацијата на законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, две години по неговото донесување и идните чекори кои треба да се превземат. Исто така, истакнато беше дека во тек е реализирање на ИПА проекти од интерес на медиумите и слободата на изразување со цел унапредување и на легислативата.

Присутните се согласија дека во делот на слободата на изразување и слободата на медиумите е потребно да се работи заеднички, со цел да се постигнат конкретни решенија, со што се согласи и Заменик претседателот на Владата: “Мора да сме заедно за да ги надминеме предизвиците. Само преку партнерски однос можеме да имаме напредок... токму во таа насока е денешната јавна дискусија со медиумските здруженија и организации и сите досегашни организирани дискусии од страна на Секретаријатот за европски прашања со различни општествени чинители,“- заклучи Бесими.

На крајот Вицепремиерот ги повика присутните да достават предлози за адресирање на наодите од Извештајот на ЕК до Секретаријатот за европски прашања, најдоцна до 1 Ноември 2014 година.

Сподели ја содржината!
Новости
ЗПВ Димитров на средба со Генералната секретарка на РСС, Брегу: „ За регионалната соработка да биде успешна, земјите од Западниот Балкан мора да бидат носители на одлуките и на одговорноста“
ЗПВ Димитров: „Новата Методологија за пристапување овозможува подинамичен и посуштински преговарачки процес. Нашата цел е тоа целосно да го искористиме"
ЗПВ Димитров: „Во ова клучно време во процесот на интеграција во ЕУ, од исклучителна важност е поддршката од нашите билатерални партнери"
Димитров: „Од Грција очекуваме поддршка и помош на европскиот пат“
ЗПВ Димитров на средба со раководството на Стопанската комора на Македонија: „Воспоставувањето на соработка со Стопанската комора на Македонија и со бизнис заедницата е еден од столбовите на кои ќе почива успешноста на преговорите
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.