ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: КОВИД КООРДИНАТОРИ ВО ФАБРИКИТЕ И ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ И ОЛЕСНЕТА КОМУНИКАЦИЈА
13:17, среда, 03 јуни 2020

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на Главен координатор на Кризните штабови на единиците на локалната самоуправа за одбрана од КОВИД19, оствари посета на Штип, во рамките на која се  сретна со претставници на локалниот кризен штаб во проширен состав на кој покрај градоначалникот Благој Бочварски и неговиот тим, беа присутни и претставници и на здравствениот систем  во Штип, претставник на локалната полиција, како и претставници од бизнисот и работниците.

 

„Денеска имавме одличен и продуктивен состанок; оформена е директна комуникација меѓу локалната самоуправа, здравствените власти, претставниците на бизнисот и претставниците на вработените. Се донесе заклучок за поставување на т.н. КОВИД координатори во компаниите, но и во државните институции, кои ќе имаат директни овластувања да го следат спроведувањето на мерките и препораките во рамките на организациите и институциите, како и да овозможат нивна полесна меѓусебна комуникација. Искрено ме радува што постои и сериозност и волја кај сите и верувам дека со спроведување на мерките и препораките набргу ќе создадат услови за безбедно одвивање на работните процеси при што економските активности и на фабриките ќе можат да продолжат“- истакна Османи при што додаде дека благодарение на брзата реакција на локалната самоуправа и на централните институции, патеката на вирусот во градот и општината е оформена и предвидлива.

 

„Токму брзиот раст во овој втор бран на епидемијата покажува дека нема игра со коронавирусот и ако навистина сакаме да обезбедиме услови за работа и на фабриките, но и на останатите економски субјекти, едноставно треба сите да сфатат дека мора да се почитуваат мерките и препораките за социјална дистанца, за само-заштита, за строго примена на заштитните мерки и носење маски и секако одржување на личната хигиена и навремена дезинфекција.“ - истакна Османи, посочувајќи на лажните вести и наменската пропагандата кои имаат за цел да ја манипулираат јавноста преку сомнежи за постоењето и сериозноста на коронавирусот.

 

Во овој контекст Османи уште еднаш потенцираше дека нема таков протокол, ниту рестриктивни мерки што ќе нè ослободат од одговорноста секој од нас да се грижи за спроведување на мерките и за самозаштита, бидејќи последиците од едно мало невнимание, кое предизвика брз продор на вирусот, се огромни. „Во ваков случај губат сите, и бизнисот и државата, и работниците, за што е потребно особено внимание и дисциплина особено при работата на економските субјекти, на фабриките, каде има голем број работници.“, потенцираше Османи
Сподели ја содржината!
Новости
Вицепремиерот Димитров во работна посета на германското претседателство со ЕУ ​
Средба на ЗПВ Димитров со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска оствари средба со новоименуваниот евроамбасадор во земјава, Дејвид Гир
Вицепремиерот Димитров во Брисел на средба со потпретседателот на Европската комисија, Схинас
Средба Димитров – Вархеји
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.