ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: КАКО НЕПОСРЕДЕН СОСЕД, АВСТРИЈА Е НАЈГОЛЕМИОТ ЛОБИСТ ЗА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН ВО ЕУ
12:32, петок, 28 февруари 2020

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, кој денеска престојува во работна посета на Република Австрија оствари средба со Министерка за Европа, Каролине Едштадлер.

„Западниот Балкан се наоѓа во срцето на Европа, опкружен со земји – членки на ЕУ. Еден обичен поглед на мапата покажува дека не се работи за проширување, туку за заокружување, финализација на еден процес на обединување на континентот. Само стабилен, безбеден и просперитетен Балкан е силен гарант за стабилна, сигурна и попросперитетна Европа“- истакна Османи, упатувајќи благодарност до Австрија за континуираната поддршка која ѝ ја обезбедува на Република Северна Македонија, како и на целиот регион.

„Новата методологија на преговори предвидува засилен мониторинг и можност за реверзибилност, кој ќе го засили принципот на заслуги при преговорите, што нам, како солиден студент, кој ги исполнува реформските обврски, ни одговара. Тоа значи засилени европски интеграции кои носат бенефити за земјите кои напредуваат, и за нивните граѓани, уште при самиот процес на преговори“ истакна Османи.

На средбата Османи реферираше и за последните актуелности во земјава, како што е подготвеноста на државата за спроведување на фер, слободни и компетитивни избори, како и за успехот во донесувањето на потребните реформски закони, меѓу кои и законот за ЈО.

„Како земја не само што го исполнивме нашиот дел од обврската, туку и многу повеќе, со што на дело ја демонстриравме нашата автентична реформска определеност и силна поддршка за европската агенда на земјата.“ посочи Османи, пренесувајќи ги јасните очекувања во земјата, за вистински напредок во европските интеграции на пролетните самити на ЕУ, преку одлука за почеток на преговорите.

Претходно Османи имаше средба, во Долниот дом на парламентот, со пратениците - претставници на Комисијата за европски прашања, предводени од Претседавачот Рајнхолд Лопатка, а во неговата агенда се предвидени и средби и со Барбара Каудел - Јенсен, советничка за надворешна политика на Премиерот Себастијан Курц како и со Петер Лаунски-Тифентал, генерален секретар при Министерство за надворешни работи на Австрија.

 

Сподели ја содржината!
Новости
ЗПВ Димитров на средба со Генералната секретарка на РСС, Брегу: „ За регионалната соработка да биде успешна, земјите од Западниот Балкан мора да бидат носители на одлуките и на одговорноста“
ЗПВ Димитров: „Новата Методологија за пристапување овозможува подинамичен и посуштински преговарачки процес. Нашата цел е тоа целосно да го искористиме"
ЗПВ Димитров: „Во ова клучно време во процесот на интеграција во ЕУ, од исклучителна важност е поддршката од нашите билатерални партнери"
Димитров: „Од Грција очекуваме поддршка и помош на европскиот пат“
ЗПВРСМ Димитров: „Привилегија е што ја имаме Германија за пријател кој ќе ни помогне да ја преминеме линијата на зедничкиот успех“
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.