ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ОСМАНИ: НЕМА ПОВАЖЕН БЕНЧМАРК ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ ОД ФЕР ИЗБОРЕН ПРОЦЕС
13:30, среда, 29 јануари 2020

Делегација на Секретаријатот за европски прашања, предводена од Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари работна средба со претставници на Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија, предводени од Главниот државен ревизор, Максим Ацевски.

„Имам исклучително позитивен впечаток од денешната посета на Државниот Завод за Ревизија – едно од позначајните независни тела и институции, чија работа претставува позитивен пример кој често го посочуваме кога ја презентираме државава во Брисел. 

Главниот ревизор, Максим Ацевски и неговиот тим, изразија силна подготвеност и уверување дека од аспект на нивните надлежности, во целост се подготвени да одговорат на задачата во создавањето еднакви услови за политички натпревар на претстојните избори", истакна Османи, посочувајќи на чувствителен момент во кој се одржуваат изборите, паралелно со процесот на одлучување на замијте – членки за евентуалниот почеток на преговорите.

„Пролетните самити практично почнуваат со самиот старт на кампањата за изборите, а шефовите на земјите – членки на 26 март ќе ја носат финалната одлука за старт на преговорите, кога кај нас ќе биде четвртиот ден на кампањата"- истакна Османи, посочувајќи на важноста и на самиот изборен процес.

За време на средбата Османи ги стави на располагање сите капацитети на Владата за било каква техничка, материјална или друг вид поддршка на Заводот за ревизија, со цел надминување на било какви предизвици во претстојниот период.

Денешната посета на Државниот завод за ревизија е дел од серијата на посети на Вицепремиерот Османи на институциите кои имаат соодветни законски надлежности во спроведувањето на изборниот процес, на која и претходеа посетите на Државната изборна комисија, на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги и на Државната комисија за спречување на корупцијата, со цел поддршка за нивната работа и утврдување на институционалната подготвеност на државата за одржување фер, слободни и компетитивни избори, како еден од клучните критериуми за напредок во европските интеграции. 

 

Сподели ја содржината!
Новости
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
Главниот преговарач на ЕУ, Османи побара државен консензус за преговорите
ОСМАНИ: КОВИД КООРДИНАТОРИ ВО ФАБРИКИТЕ И ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ И ОЛЕСНЕТА КОМУНИКАЦИЈА
Респираторите донирани од Кралството Норвешка пристигнаа во државата
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.