Новости
среда, 30 октомври 2019 13:00
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи го отвори Секторскиот мониторинг комитет за ТАИБ, кој се одржа во Клубот на пратеници. Паралелно, се одржаа и трет состанок на Секторскиот мониторинг комитет за владеење на право и фундаментални права, прв основачки состанок за демократија и владеење, трет состанок за конкурентност, иновации, земјоделие и рурален развој, како и прв основачки состанок за образование, вработување и социјална политика.
„Успешното спроведување на проектите финансирано преку ИПА продолжува, и тоа претставува најдобар промотор на европските перспективи на земјава“ истакна Османи, потенцирајќи дека, независно од политичката состојба во која се наоѓаат европските интеграции по октомврискиот самит, продолжуваат и реформите и хармонизацијата на нашето законодавство со европското, со цел приближување до европските правила, стандарди и вредности. „Европските перспективи остануваат водечка улога во создавањето на нашата политика, при, што, унапредувањето на апсорпцијата на ИПА средствата има клучна улога“, потенцираше Османи
На сите состаноци се водеше дискусија за отворените прашања во спроведувањето на Секторските програми финансирани од ИПА 2. Но и за тековните прашања поврзани со отпочнувањето на постапката за затворање на програмата Помош при транзиција и градење на институциите- ТАИБ 2013 година, и затворањето на компонентата ТАИБ како последна програма под ИПА 1.