Новости
вторник, 22 октомври 2019 11:00
Денеска во Секретаријатот за европски прашања се одржа билатерална средба меѓу Делегација на амбасадата на Кралството Шведска и претставници на Шведската агенција за развоја помош (СИДА), и претставниц на СЕП. Делегацијата на Шведска ја предводеа амбасадорката Кристин Форсгерн Бенгстон и Каролина Венерхолм, директорка на Одделот за Западен Балкан, Турција и Латинска Америка, додека тимот од СЕП беше предводен од Драган Тилев, државен советник и координатор за процесот на европска интеграција.
За време на средбата соговорниците потенцираа дека билатералната соработка меѓу двете земји е на високо ниво, а Шведска е меѓу најголемите поддржувачи на интеграцијата на земјата во ЕУ и на политиката на проширување. Во тој контекст, Тилев посочи на важноста земјата да добие датум за почеток на преговори и да започне со следната фаза на билатерален скрининг, со што ќе се обезбеди поголем фокус на спроведувањето на реформите.
Од аспект на билатералната помош, се истакна дека Шведска е еден од најзначајните билатерални донатори во Република Северна Македонија. Беше изразено задоволство од фактот што Северна Македонија се враќа на листата на приоритетни земји кон кои е насочена развојната помош при што се потенцираше важноста на поддршката за формирањето на преговарачките структури и ЕУ реформите која дојде во круцијален момент за земјата.
Директорката
Венерхолм информираше дека земјата ќе остане меѓу приоритетите и во наредната
Стратегија за развојна помош кој ќе биде
долгорочен документ за период од 5 до
седум години, а фокусот на поддршката ќе се насочи кон следните области:
демократија и владеење на право, пазарна економија, животна средина и родов
аспект како хоризонтално прашање. Стратегијата се очекува да се усвои во 2020,
а со имплементација да започне во 2021 година.