ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ЗАШТИТНИК НА ЕВРОПСКИОТ КРЕДИБИЛИТЕТ НА БАЛКАНОТ
13:15, петок, 11 октомври 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи кој престојува во работна посета на Република Италија оствари средба со Министерот за европски прашања на Република Италија, Винченцо Амендола.

„Состанокот на Советот на ЕУ наредната недела е од фундаментално значење за нас, како земја која ги исполни сите предуслови и посочени обврски, за што заслужено очекуваме старт на преговорите со ЕУ оваа година.“ изјави Османи, потенцирајќи притоа дека започнувањето на пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ оваа година ќе претставува охрабрување и за целиот регион во остварувањето на европските перспективи.

„И не само за нас, туку пошироко, претстојниот самит на ЕУ претставува еден вид пресвртница преку која ќе се трасираат перспективите на преговорите како една од најуспешните европски политички проекти воопшто. Без соодветно признание за напредокот на Северна Македонија, не само што ќе се истроши кредибилитетот на ЕУ во регионот, туку воопшто, ќе се загрози натамошниот тек на процесот на проширување и ќе се изгуби позитивната трансформативна моќ на европската перспектива“, посочи Османи.

За време на средбата Османи изрази благодарност за досегашната поддршка од страна на Италија за европските интеграции на Република Северна Македонија и доби цврсти уверувања од страна на Министерот Амендола, дека Италија останува посветена на европските интеграции на целиот регион на Западниот Балкан, со силна поддршка за старт на преговорите со Република Северна Македонија, во пресрет на Самитот на ЕУ наредната недела.

Во рамки на работна посета на Италија Османи оствари средба и со Претседателот на Комитетот за односи со земјите од Западен Балкан во италијанскиот Сенат, Лучијано Далфонсо, каде покрај темите за европските интеграции на регионот и земјава, беше разговарано и за претстојните активности на Сенатот во насока на ратификација на протоколот за НАТО од страна на Италија, при што Османи доби уверување дека Италија навреме ќе ја исполни оваа обврска. 

Посетата на Италија преставува дел од европската турнеја на Вицепремиерот Османи, за посета на европските метрополи, а во пресрет на состанокот на Советот на ЕУ наредната недела.

 

Сподели ја содржината!
Новости
Османи и Димитров во Париз на средба со Моншален
Османи и Димитров ја започнаа работната посета на Париз на средба со Клеман Бон
Средба Османи – Јанакакис
ОСМАНИ: СЛОВЕНИЈА Е ИСКРЕН ПРИЈАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Османи: И со новата методологија влегуваме како фаворити во процесот на европски интеграции
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.