Новости
петок, 13 септември 2019 13:33
„Шведска
не само што отсекогаш сме ја сметале за важен поддржувач и пријател во
постигнување на нашите стратешки цели како што се европските интеграции, туку
како земја претставувала и модел, еден вид и инспирација во насока на
преземањето на соодветните реформи во духот на европските вредности “- истакна
Османи, посочувајќи на поддршката која земјава ја очекува од Кралството Шведска
и во претстојниот период, во пресрет на големата одлука во Октомври за старт на
преговорите со ЕУ оваа година.
За време на средбата Вицепремиерот Османи
изрази благодарност што во рамки на проектот „Нордиски напредок“ кој се
спроведува во земјава, Норвешка и Шведска заеднички го поддржуваат најважниот
процес во овој момент - пристапните преговори т.е. што го поддржуваат целокупниот
процес на интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ.
На
средбата Османи реферираше и за тековните актуелности во земјава, а во врска со
напредокот во клучните области како што е владеење на правото, реформите на
безбедносните служби, правосудството и борбата против организираниот криминал и
корупција.
Во рамки на работната посета на Шведска Османи
претходно оствари средби и со Претседателот
на Парламентот на Андреас Норлен, како и со Министерот за меѓународна развојна
соработка, Питер Ериксон.
Посета
на Кралството Шведска претставува дел од турнејата на Османи за посета на европските
метрополи пред одржување на Европскиот совет во октомври, која продолжува со посета на Брисел, по што
следат Берлин, Варшава итн.