Новости
петок, 13 септември 2019 11:42
На средбите, покрај европските перспективи на земјава, беа отворени
темите за билатералната развојна соработка, како и за парламентарната соработка
помеѓу двете земји.
„Радува фактот што Република Северна Македонија останува на агендата за
развојна соработка на Шведска и во претстојниот период, што на дело го
демонстрира континуираното проширување на нашата билатерална развојна соработка,
која е од исклучително значење за нас во овој круцијален период на интеграција на
земјава во ЕУ„ - изјави Вицепремиерот Османи на средбата со Министерот Ериксон,
пренесувајќи ја благодарноста за оваа поддршка во име на Владата на Република
Северна Македонија.
За време на средбата Османи, во улога на Национален координатор за
странска помош, нагласи дека од фундаментално значење за нас е поддршка која земјава
ја добива од Канцеларијата на УНОПС во Скопје, која како агенција е задолжена
за спроведување на проектот „Нордиски напредок“, и изрази уверување дека истата
ќе придонесе за поефикасна и зголемена развојна проектна соработка.
Во рамки на работната посета на Шведска Османи ќе оствари
средба и со Министерот за европски прашања, Ханс Далгрен
Посета на Кралството Шведска претставува дел од турнејата на Османи за
посета на европските метрополи пред одржување на Европскиот совет во октомври, која
продолжува со посета на Брисел, по што следат Берлин, Варшава итн.