Новости
петок, 06 септември 2019 09:02
Делегација од Министерството
за внатрешни работи на Република Косово денеска беше во посета на
Секретаријатот за европски прашања, во рамки на нивната дводневна студиска посета на нашата земја. Целта на
посетата е размена на искуства во однос на правната и институционалната рамка
за интеграција на странци во Северна Македонија.
За време на
средбата Државната секретарка Калинка Габер, накусо се осврна на улогата и
надлежностите на Секретаријатот за европски прашања во координацијата на процесот
на европската интеграција на нашата земја.
Габер се осврна и на реформите кои се спроведуваат во земјава во однос на европските интеграции, како и очекувањата за донесување на
одлуката за старт на преговорите во октомври. Во тој контекст беше посочено
дека изминатиов период беа спроведени активности за понатамошно усогласување на
националните закони кои ги регулираат областите на азил и миграција, како дел
од Поглавјето 24 Правда, слобода и безбедност, кои се особено значајни за
соодветно адресирање на современите глобални случувања и предизвици во
политиката на миграција.
Заменик министерот за внатрешни работи на Република Косово
истакна дека соработката меѓу двете земји е на високо ниво, а размената на
искуствата и особено значајно со оглед на тоа што делиме иста цел за членство
во Унијата.
За време на посета делегацијата од Косово ќе оствари средби со преставници од Министерството
за надворешни работи, Министерството за внатрешни работи, Министерството за
образование и наука, Министерство за труд и социјална политика и Агенцијата за
вработување на Северна Македонија во насока на согледување на процесот на
интеграција на странци во рамки на нивните надлежности.