ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Османи во официјална работна посета на Република Финска
11:57, четврток, 15 август 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, ја започна работната посета на Финска, каде оствари средба со претставниците на „Големиот Комитет“ (Grand Committee) во рамките на финскиот парламент, предводени од Првиот заменик претседател на парламентот, Јани Макела, каде беа разменети мислења во однос на евроинтегративниот процес на земјата, и поддршката во оваа насока од страна на Финска во рамките на нивното претседателство со ЕУ.

„Северна Македонија има и политички и институционален капацитет за да го продолжи патот кон полноправно членство со Унијата, и ние како Влада, остануваме посветени на овој процес сè до полноправно членството во ЕУ и НАТО“, истакна Османи на средбата.

Во продолжение на посетата, Вицепремиерот Османи имаше средба и во Директоратот за автономија и еднаквост при Министерството за правда на Република Финска со Корина Таменма, висока претставничка за јазични прашања. На средбата беа разменети искуствата во однос на примената на двојазичноста во Финска, како земја која има успешна имплементација на овој процес. Во рамките на средбата беа разгледани и можностите за соработка во оваа насока, со цел успешна имплементација на Законот за употреба на јазиците и во Република Северна Македонија.

Во текот на посетата на Финска, Вицепремиерот Османи ќе оствари работни средби и со Министерката за европски работи, Тути Тупураинен, како и со Министерот за надворешни работи, Пека Хависто.

Сподели ја содржината!
Вести
Кралството Шведска ќе продолжи со поддршката на реформите во процесот на европска интеграција
ОСМАНИ: СПРЕМНИ СМЕ ЗА ПРЕДИЗВИКОТ КОЈ ГО НОСАТ ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ- МОЖЕ ДА ЗАПОЧНАТ ВЕДНАШ
ОСМАНИ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ЗАШТИТНИК НА ЕВРОПСКИОТ КРЕДИБИЛИТЕТ НА БАЛКАНОТ
ОСМАНИ:ПРОТОКОЛОТ ЗА НАТО НА СЛЕДНАТА ПЛЕНАРНА СЕДНИЦА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ СЕНАТ
ОСМАНИ: ИМАМЕ ИСТОРИСКА ШАНСА ДА ГИ СОЕДИНИМЕ ЗАЕДНИЧКИТЕ АМБИЦИИ ВО ИНТЕРЕС НА ЦЕЛА ЕВРОПА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.