Новости
вторник, 30 јули 2019 15:07
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар
Османи денес оствари заедничкi работен состанок со
заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески и претставници на
Делегацијата на Европска Унија во земјава, на која разговараа за првиот повик за проектни предлози во рамки на ИПА 2 Програмата за преку – гранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија 2016 – 2020.
„Од
вкупно планираните 3,5 милиони евра за оваа намена во ИПА 2 програмата 2016 - 2020 година, со овој прв повик од
минатата недела, стартуваше реализацијата на 1,2 милиони евра. Тоа секако не
претставуваат големи суми средства, но фактот што се работи за прв успешен
повик за прекугранична соработка меѓу двете земји говори многу. Оттаму и
потребата да ги свикам условно заинтересираните страни, за да ги разгледаме
можностите и потенцијалите кои се отвораат пред нас од аспект на прекуграничната
соработката“, истакна Османи. Притоа Вицепремиерот оцени дека соодветното
искористување на овие средства значи подобрување на животот на жителите кои
живеат во пограничните области, но и придонес во спроведување на агендата за
поврзување (конективити агенда), како еден од најважните елементи во
остварување на регионалната соработка и регионалниот развој.
„Ги охрабрувам општините кои можат да учествуваат на повикот да
аплицираат,“ истакна заменик- министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески,
додавајќи дека општините во северо- источниот плански регион се меѓу најмалку
развиените во земјава, и ова е можност за подобрување на нивниот развој.
Претставникот од Делегацијата на ЕУ, Фрек Јанмат потенцираше дека во
оваа област, во која живеат околу 700 000 жители, преку реализирањето на два
клучни приоритети- економски развој, кој ги опфаќа работната сила, мобилност и
социјална инклузија, како и заштита на културното и природното наследство, ќе значи
бенефит и за населението и за бизнисите, бидејќи, како што рече, двете држави
се значајни трговски партнери.
Во
продолжение на средбата се разговараше и за потенцијалите и можностите за
унапредување на искористувањето на средствата од ИПА 2 за прекугранична
соработка преку реализација на проекти за поддршка на локалниот економски
развој, туризмот, образованието и локалниот транспорт.