Новости
среда, 24 јули 2019 13:23
Заменик претседателот на
Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари средба со
Амбасадорката на Црна Гора во земјава, Марија Петровиќ.
На средбата взаемно беше потврдена
традиционалната блискост и пријателство помеѓу Северна Македонија и Црна Гора.
Во овој контекст Вицепремиерот Османи изрази благодарност за
брзата ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија
во НАТО од страна на Собранието на Црна Гора, што претставува уште еден доказ
за долгогодишната поддршка на Црна Гора за нашите евроатлански аспирации, при
што изрази надеж дека европскиот пат на Северна Македонија ќе биде исто толку
успешен како и евроатланскиот и нашата земја во октомври заслужено ќе добие
датум за почеток на преговорите со Унијата.
Соговорниците ги нагласија и одличните
билатерални односи, без отворени прашања, при што изразија заедничка надеж дека
позитивниот тренд во билатералната соработка, ќе го даде својот свој придонес
во стабилноста и безбедноста на регионот, но и во заедничката европска иднина.