Новости
понеделник, 22 јули 2019 15:33
Заменик
претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари
средба со Гречен Биркл, Вршителка на должност претставник на Канцеларијата на
УСАИД во Северна Македонија , која му го претстави новоименуваниот претставник на Канцеларијатана УСАИД
во Северна Македонија, Ерик Јановски.
Вицепремиерот
Османи на почетокот на средбата му честиташе на г.Јановски за неговиот мандат и
му посака успешна работа, изразувајќи надеж за продолжување на плодната
соработка во повеќе области, при што на госпоѓата Гречен
Биркл и се заблагодари за досегашната соработка. Во улога на национален
координатор на странска помош, Османи изрази задоволство и благодарност и за
успешното таргетирање на американската развојна помош во земјата, во износ од
над половина милијарда долари од независноста до денес, со која беа поставени
основите на демократскиот и граѓанскиот развој на Северна Македонија.
„Градењето
на демократијата во нашата земја врз принципите на владеење на правото,
слобода, еднаквост, солидарност, како западни вредности и нивното вградување во
нашето мултиетничко општество претставува цел кон која се стремиме и работиме
долги години со поддршката токму од УСАИД како наш партнер, но и главен центар
за распределба на развојната помош“, посочи Османи, истакнувајќи дека
присуството на УСАИД има оставено неизбришлива трага во остварувањето на
стратешките приоритети на земјава- членството во ЕУ и НАТО.
Во
продолжение на средбата соговорниците изразија уверување дека соработката меѓу Владата
и УСАИД ќе продолжи да се реализира согласно потребите и приоритетите на
Северна Македонија и во претстојниот период, кој за земјава е клучен во
евроинтегративниот процес.