ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Во пресрет на Извештајот на Европската комисија Вицепремиерот Бесими во посета на Министерството за правда во рамки на циклусот“ ЕУ-ИПА институционална координација“
14:28, петок, 29 август 2014

Во пресрет на есенскиот Извештај од Европската комисија, заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за Европски прашања д-р Фатмир Бесими, во придружба на секторите задолжени за ИПА и евроинтеграциии, оствари работна посета на Министерството за правда каде се сретнаа со министерот Аднан Јашари и претставници од ова министерството.

На средбата се разговараше за статусот на реализација на реформите во областа на правосудството а кои се од клучно значење за евроинтеграцискиот процес на земјата и се дел од активностите предвидени со Националната Програма за Усвојување на Правото на Европската Унија (НПАА) и Акцискиот План за пристапување на Република Македонија во Европската унија.

Вицепремиерот Бесими и министерот Јашари за време на состанокот посебен акцент ставија на напорите за спроведување на реформите со цел понатамошно унапредување  на ефикасноста и независноста на судскиот систем особено преку примена на новите критериуми за именување и разрешување на судии и јавни обвинители како и унапредување на квалитетот на судските постапки. Исто така се разговараше и за јакнењето на институционалните капацитети, зајакнувањето на активностите за борба против корупцијата и организираниот криминал, слободата на изразување и медиуми, измените на изборното законодавство, итн.

На средбата се разговараше и за степенот на искористеноста на средства кои стојат на располагање преку Инструментот за предпристапна помош – ИПА, а кои се клучни за реализација на реформите во судскиот систем. Во рамки на ИПА 1 во период од 2007 до 2013 година подготвени се вкупно 15 проекти во вкупен износ од околу 17 милиони евра. Крајни корисници на овие средства освен Министерството за правда се и Управниот суд, Академијата за судии и јавни обвинители, Судскиот совет на Република Македонија, Советот на Јавните обвинители на РМ, Управата за извршување на санкции,  Државната комисија за спречување на корупцијата,  Јавните обвинителства и сите други правосудни институции.

Бесими истакна дека треба и понатаму да се работи на поефикасно апсорбирање на европските фондови кои се наменети првично за подобрување на животот на граѓаните во Република Македонија, а воедно се и од клучно значење за приближување на земјата кон Европската унија преку вложување во социо-економскиот развој како и усогласување на законодавството со ЕУ.

Серијата работни посети “ЕУ - ИПА Институционална Координација" на Вицепремиерот Бесими ќе продолжи со сите институции корисници на ИПА фондови и имплементатори на НПАА, со цел непосредно информирање за сите аспекти од користењето на ИПА, имајќи ги предвид прашањата на програмирање, техничко спроведување, мониторинг, известување, исполнување на предуслови за успешно спроведување на проектите/програмите, како и аспекти на системот на управување, институционален и административен капацитет, почитување на процедурите за користење на овие средства, функционирање на координативни механизми, како и разгледување на статусот на реализација на активностите предвидени во НПАА.

Сподели ја содржината!
Новости
Средба на ЗПВ Димитров со хрватската амбасадорка Тигањ
Средба на ЗПВ Димитров со австрискиот амбасадор Вуцас
Вицепремиерот Димитров во работна посета на германското претседателство со ЕУ ​
Средба на ЗПВ Димитров со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска оствари средба со новоименуваниот евроамбасадор во земјава, Дејвид Гир
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.